Т'га за југ [SS]

Day 2,622, 12:08 Published in North Macedonia North Macedonia by Severrus Snape

Во контекст на поракиве „Птиците да се вратат на југ“, ја пишувам оваа статија.. Повеќето можеби ве потсети на песната од каде и што е текстот (Оган под ѕвездите - Меморија)
но мене ме потсети на мојата омилена песна од Македонската литература, па се надевам ќе придонесе на целата оваа слика..

Не ве фаќа и вас т'га за југ? 😛



Т'га за југ - Константин Миладинов

Орелски крилја как да си метнех
и в наши ст'рни да си прелетнех!
На наши места ја да си идам,
да видам Стамбол, Кукуш да видам,

Да видам дали с'нцето и тамо мрачно угревјат,
како и вамо.

Ако како овде с'нцето ме стретит,
ако пак мрачно с'нцето светит:
На п'т далечни ја ке се стегнам,
и в други ст'рни ке си побегнам, к
аде с'нцето светло угревјат,
каде небото ѕвезди посевјат.
Овде је мрачно и мрак м' обвива
и темна м'гла земја покрива:
мразој и снегој, и пепелници,
силни ветришта и вијулици,
Околу м'гли и мразој земни,
а в’гради студој, и мисли темни.
Не, ја не можам овде да седам!
Не, ја не можам мразој да гледам!

Дајте ми крилја ја да си метнам
и в наши ст'рни да си прелетнам:
на наши места ја да си идам,
да видам Охрид, Струга да видам.

Тамо зората греит душата
и с'нце светло зајдвит в гората.
Тамо дарбите природна сила
со с'та раскош ги растурила:
Бистро езеро, гледаш,
белеит или од ветар синотемнеит:
поле погледниш, или планина -
сегде Божева је хубавина.

Тамо по с'рце в кавал да свирам,
с'нце да зајдвит, ја да умирам!



Во чест на Константин Миладинов, со еден ден задоцнување, за 153 години од неговата смрт (вчера, 23 Јануари)