Оставка [Severrus]

Day 2,883, 11:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Severrus Snape
Пред да започнам сакам да кажам дека статијава ја пишувам за свое лично објаснување околу мојата оставка како Министер за Надворешни Работи на еМакедонија, и пред да ја објавам е покажана и одобрена од Претседателот Уништувач дека ова не е во никој случај против него, или саботажа, или нешто слично.

Од синоќа, околу 23 часот јас не сум веќе Министер за Надворешни Работи за земјава. Дадов оставка, видовте зошто после неколку часа. Ќе се обидам да бидам колку што можам пократок и појасен.
Јас бев против ова насилно потпишување "пакт" во ова време. Приказните дека на Бугарија и се заканувала Турција се искрено смешен изговор (точно е дека има ултиматум дека Турција е заинтересирана за Пакистанските региони, и со тоа им се заканува војна. Јас можам да гарантирам дека до такво нешто не би дошло). Секој интелигентен човек ќе го разбере тоа.
Овој пакт (сеуште не е потпишан т.е. пуштено да се гласа, па ќе користам термин „договорен“) е договорен под изговор дека се спремаме за војна. Изгледа сме живееле во различни светови, кога мене ми беше гарантирана безбедноста на Македонија и Бугарија (продолжување на НАПот со Грција) во статус-кво ситуацијата во која и што бевме.



Овој пакт беше договорен и изгласан за нецели 24 часа од првата порака пишана помеѓу официјалните лица на четирите земји. Без никаква претходна комуникација, информација или воопшто обичен разговор за таков план и слично. Јас работам скоро 2 години, досега такво нешто никогаш не ми се случило. Колку и да не сакам да кажам, ова ме потсетува на „Полска стил“.



Не поминаа ни 10 дена од Нигерија и Канада, две кампањи во кои Србите максимално се истураа против нас, а ете сме со само еден збор прифаќаме она што ќе ни се даде.

Да се потсетиме и дека истава оваа гарнитура што е моментално на власт во Србија, е онаа која пред крајот на КоТВО 3-4 месеци наназад преговараа позади грб на Македонија и го потпишаа првото МПП со Грција, период откако почна нашиот пад во, она што изгледаше како бесконечна бездна.

На Владиниот тим реков да не се брза во никаков случај со ова, да се почека, не сме во ситуација каде треба да се брза, едноставно нема потреба. И да се дискутира темава со Македонија и Бугарија како што треба, во спротивно јас си давам оставка.
Првиот состанок го пропуштив од РЛ причини (помеѓу четирите земји, Македонија и Бугарија се немат состанато) и беше онака „лајт“ состанок за запознавање. Вториот, синоќешниот, после 15 минути поминати на него, и согледувајќи ја ситуацијата, јас излегов од каналот, и сите други Владини пораки и групи, и со тоа официјално го завршив мојот удел во оваа Влада.

*Неколку часа после мене, оставка си даде и Министерот за Одбрана- НЕНОДС

Ова е во директна спротивност на сето она што јас и сите мои помошници, министри и претседатели се залагавме досега. Затоа јас ете се тргам од патот, и оставам слободен простор да се прави што сака. Нека ви е со среќа.

Мојата работа завршува овде. Ова е мојата неотповиклива оставка како МНР Македонија.

Поздрав и се најдобро,
Северус Снејп




~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~
Оставка [Severrus]
erepublik.com/en/article/2556560/1/20