[Reksac MKD]Рексач повторно се враќа на бојното поле проследно со мега спектакл!

Day 1,395, 22:19 Published in North Macedonia North Macedonia by Reksac MKD


Вечерва 15.09. или рано на сабајле 15ти према 16ти како и секоја вечер помината во добро друштво и смеа, последни останавме со другарот Индија и по 999 муабети и филмови свртени се потсетивме и на првите наши денови кога почнавме како ебебиња. Почнавме да се присетуваме на фаци на опасни ликови, луѓе без кои играта ја губи својата смисла и така праејќи муабет присетувајќи се на фаците, правите ЧАОСИ што ја тресеа Македонија своевремено, ПОЗДРАВ ДО СИТЕ, ВЕ САКАМ 😃 ,да не Ве набројувам ќе нема место за друг текст xD .



И така присетувајќи се на сите до 1, на крајот ни текна на главниот лик во приказнава 🙂 - КУДИЈАН. Ви текнува ли кој лик беше тој? Момци и девојки тој е најлудиот тип што сум го запознал во животов мој! Се начука на прв Чаос состанок среде бел ден, со многу испади на чет и со многу ноќи непроспани со него, чувајќи ја Македонија до раните утрински часови. Кога ни текна на појавата и делото на Кудијан ние верувајте моравме да му се јавиме иако беше 6 и 15 посабајлечки 😃 ! Му вртиме еднаш не крева, му вртиме втор пат, спушта. По минута ѕвони телефонот – тој!

Индија: Кај си брат, шо праиш, знаеш ли кој е, спиеш, ау нешо рано извини 6 и 15.

Кудијан: (Мртов ладен) Не бе братче океј е не е рано овде е 12 ипол, ја у АМЕРИКА СУМ!!!!!!! 😮 😮 😮

(СМЕА!!!!!!)



Си праиме ние муабет со братот у Америка! Муабет 5 минути како е што е? Коа ќе се враќаш?, пиво нешо, кафе да се видиме, да се смееме. А он БРАТ САМО ШО КЕ ДОЈДАМ КЕ ВЕ БАРАМ ДА ПИЕМЕ ПИВО НЕМА ПРОБЛЕМ, (се смее, се смееме- на паметот што го имаме 😃). Се насмеавме, се зачудивме и спуштивме. Коа си го вративме филмот со кој лик праевме муабет у 6 сабајле, плус тоа дека ни се јави од АМЕРИКА! и плус што го знаеме каква бонус фаца, е денот односно вечерта си заврши со најјака кулминација! 😃 И така, е да ми рече и сите да ве поздравам посебно Чаос, и сите останати фаци и ми рече да му ја чуваме Македонија додека се врати од Америка пошо он бил зафатен сеа, работел. 🙂



Момци и девојки Рексач е повторно лансиран во употреба и со полна пареа ќе се врати во еживотот и езаебанциите! Истотака сакам да ги замолам ликовите кои ми праќале пораки да ми простат што недобиле одговор, пошто профилот беше на stand by!

With respect,
Reksac MKD

П.С. ПРВА ТИТУЛА, АЛЕА ПРВА ТИТУЛААА!!!