Претседателска кандидатура - Тим и Програма [Prilep4an4e]

Day 1,900, 07:42 Published in North Macedonia North Macedonia by Prilep4an4e

Добар ден. на сите !

После подолго играње решив да се кандидирам за претседател на еМакедонија како официјален кандидат од политичката партија Обединета еМакедонија.
Некои од вас ме знаат а некои не , а за тие што не ме знаат ќе ви ја претставам мојата еЛична карта:

* 4 пати конгресмен на еМакедонија
- 3 пати во комисија за државјанства од кој еднаш претседател на комисијата
* Еднаш член на МОД тимот на еМакедонија
* Портпарол на партијата Обединета еМакедонија
* Долго време дел од управата на воената единица ДБК
* Член на Армакедон

А сега ќе ви ја презентирам мојата програма и тим за наредниот месец:

Претседател: Prilep4an4e
Советници:
Cyril of Macedon
Maked0ner
KepenciMKD

Министерство за надворешни работи:
Министерството за надворешни работи според мене е едно од најважните министерства. Во овој сектор од мојот тим очекувам најголема посветеност, и дипломатијата треба да биде на што повисоко ниво.
Една од главните цели ќе ни биде зајакнување на односите и комуникацијата во сојузот.
Околу војната со Грција. Сигурно на сите ни се здосади оваа пинг-понг војна со нашите јужни соседи, па ќе се залагаме ако е можно да се прекине оваа војна каде што се трошат многу средства а без ефект, и да се пренасочиме во друга насока. Доколку нема можност да тргнеме кон освојување на друга држава тогаш остануваме посветени на Грција.



Министер за надворешни работи :
Aliss Wonder
Помошници:
Aspadora
Ова министерство ќе биде биде надополнето со други искусни помошници.

Министерство за одбрана:
Министерството за одбрана исто така ќе биде едно од најактивните министерства. Прва и основна работа е да има секој ден статии со наредби за престојниот ден, и да нема поважна битка да се насочат еМакедонците што да прават. Околу ударите ќе пробаме да направиме мала измена со што на понеискусните играчи ќе му биде полесно внесувањето на удар. Удари ќе се организираат само доколку има потреба од тоа.

Министер за одбрана:
estonian

Помошници:
Matejsh
Дедо Мраз
Blagojche1995
PukniUmri
Maced0n
Maagik
Министерство за здравство:
Ова министерство ќе продолжи со истата работа како досега. Единствено можеби ќе има мала измена во начинот на делење која ќе му ја олесни работата на тие што делат. Поделбата исто ќе остани на послабите играчи, со што ќе се забрза нивниот развиток, а и нивната помош за еМакедонија ќе биде поголема .

Министер за здравство:
Hristijan Tasevski

Помошници:
Tehno Petel
LazarosaMKD
liveshit
Министерство за образование:
По подолго време ова министерство ќе се реактивира. Ова министерство долго време е неактивно, а ние имавме и Бејби Бум неодамна, секој ден нови играчи чија информираност е многу мала. Поради тоа и го реактивираме ова министерство каде што ќе се пишуваат статии за се ново на играва. Во скоро време ќе се активира и новата мапа, па ова министерство ќе биде добредојдено.

Министер за образование:
Дедо Мраз

Министерство за економија:
Во овај сектор ќе се залагаме колку што е можно повеќе да се зачува сегашната состојба во НБРМ, особено голдот чија цена е значително падната на монетарниот маркет. Покрај тоа ќе има неделен извештај за тоа колку се собрало од данок, колку средства се потрошени и моменталната состојба во НБРМ.

Министер за економија:
Persej Makedonski

Клуч од НБРМ ќе имам само јас, ако има потреба клучот ќе го добие и некој доверлив играч.
Министерство за информирање:

Во ова министерство засега нема да има одредени министри, поради тоа што горенаведените министерства секое за себе ќе пишува статии. Доколку има потреба нешто дополнително да се извести тоа ќе го правам јас преку претседателски обраќања.

Доколку мандатот биде успешен ќе биде заслужен целиот тим и нивната колективна работа, но доколку се случи спротивното кое што никој не го посакуваме ќе бидам крив ЈАС и само ЈАС.
Црни листи ќе немаме, но ќе бидат јавно пофалени тие што заслужуваат.

Тоа е се од мене и се надевам на вашата подршка. о/

Се за еМакедонија !!!