Аспадора- Конгресмен? [OEM] ?

Day 1,246, 16:18 Published in North Macedonia North Macedonia by Aspadora


Најпрво драги другарчиња да се претставам.
Имам 18 години, сеуште млад со цел живот пред мене. Сите врати ми се отворени, само треба да го направам вистинскиот избор. Во најдобрите години од животот сум, во најдобриот "матурантски месец". Иако крајот на месецот (20 мај) славам матура и пазете сега- на 21 мај сестра ми се мажи се обрзувам дека активно ќе служам за интересите на еМакедонија.
Доволно за приватниот живот. Во овој виртуелен свет сум некаде 10 тина месеци од 9 Јуни 2010 година. Најпрво живеев на корејските полуострови, а од додавањето на нашата држава активно помагав во напредокот на економијата, произведувајќи во странство а внесував парички дома.
Активен член сум во државната единица ЛАВОВИ која буквално ми влезе во кожа, и секојдневно поминувам по неколку часови со пријателчињата.
Сопственик сум на завиден број фирми и ве советувам да го следите мојот пример. Се сеќавам во првата војна со еБугарија како после неколку мини битки залихите на леб и жито се исцедија и мораа лазократите да уфрлаат илјадници лебови по половина цена која исчезнуваше.

Зошто токму јас? Кој фактор сум јас?

1. НИКАКО не помислуавм на поднесување закони на своја рака!
2. Истото важи и за одобрување државјанства. Одобрување државјанства САМО со консултација со другите конгресмени, со Претседателот на конгресот или пак со нечија гаранција дека поднесителот на барање на државјансто е Македонец или дека нема на никој начин да и наштети на еМакедонија.
3. Активност на каналот миббит секојдневно, будно следење на случувањата како на надворешен така и внатрешен план.
4. Златото го донирам на НБРМ.
5. Се обрврзувам дека ќе служам за општонародниот интерес, со цел Македонија да просперира како на економски така и светската мапа, редовно учество во медиумскиот простор и на каналот ширејќи совети, решенија кон сите проблеми на кои ке наидеме.



Според мене една од најбитните работи. Иако настапувам како член на ОЕМ, јас делувам за татковината, не за партија. Така ги повикувам гласачите да не се обојуваат партиски барем тука. Верувам сите ја играме играва за просперитет на државата а не да бидеме доминантни на некоја политичка виртуелна сцена од која најголем ќар што можеме да го имаме се неколку златници.



Разбирам дека овој период ќе биде преполн со статии од типот гласајте за тој, гласајте за овој и дека мошне напорно е да се читаат некои што напињаат за некое гласче, затоа во оваа статија паралелно со желбата за подржка од вас народот сакам да ве подучам и да ве потсетам на моралните вредности, идеали кон кои треба да се стремиме.
Чесност, труд, волја, преданост, непокорливост, разум, трпеливост, тактика - ова се клучните доблести кои ни се потребни. Ве замолувам уште еднаш, не е битно кој од која партија или од кој град е, битно е да делуваме како едно.




ВЕРБА ВО БОГ, МАКЕДОНЕЦ ДО ГРОБ!