[New Update] Војна за ресурси и Нова Индустрија

Day 3,075, 02:48 Published in Chile Serbia by Wisdom II



Админите најавуваат нови промени во играва,кои ќе се однесуваат околу ресурсите.

Драги граѓани,

Во текот на следните 2 месеци планираме да направиме серија на промени, со цел да се стави повеќе акцент на стратегијата во играва.
Нова Индустрија заедно со Нови ресурси ќе бидат додадени на играва. Земјите ќе бидат во можност да се борат за нови ресурси,во кампања Војна За Ресурси, со почеток во следните неколку недели.Со ова ќе се донесат нови правила и поголем фокус на стратегија во играва и нејзино балансирање.
Новата индустрија значително ќе го промени начинот на битките кои ќе се водат и ќе им овозможат на новите играчи (без оглед на искуството во играва), да бидат директно вклучени во ова.
Откако ќе се освојат нови Ресурси од страна на државата тие ќе бидат доделени,и исто така бонусот во регионот ќе се промени,регионите со ретки ресурси ќе имаат подобри бонуси него вообичаените.
Компаниите за производство кои ги поседуваат играчите нема да важат,т.е нема да патуваат со нив.Тие ќе бидат лоцирани онаму каде што играчот ги создал (во кој регион се наоѓаат),па во зависност од тоа ќе го користат тој бонус од тој регион,и данок ќе се пресметува според тоа, компаниите ќе бидат предмет на трговско ембарго.
Ќе се зголемување приходите на сметка на државата,преку проширување на даночната основа за сите приходи,на тој начин овозможувајќи им на владите зајакнат фонд во воените кампањи.Играчите кои ќе се борат во тешките и одлучувачки битки,ќе добиваат повеќе престиж поени.

Патувањето од една до друга држава ќе се промени исто така, и веќе нема да биде врз основа на произволни зони, него како во реалниот свет ,според дистанца километри.