Случувања во еСветот [MoFa Mакедонија]

Day 2,609, 06:18 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Добар ден Македонци!

Денеска е недела имам малце слободно време па решив да пишиме една статија за моменталните случувања кај нас и во еСветот.
Се започна деновиве кога Грците и Романците пуштија АС во Нов Зеланд.
Операцијата и крајна дестинација беше Чиле. Откако успешно слетаја во нов зеланд следеја веднаш две НЕ кун Чиле.Операцијата исто изгледаше дека ќе биде доста успешна затоа што од другата страна Бразил и Аргентина веќе имаја напади кун Чиле, а Парагвај беше избришан од страна на Аргентина.



Но работите тргнаа сосема поинаку од тоа што Астерија го очекуваше. Чиле со помош на нивните сојузници направија одличен план како да се исфрли Романија и Грција.
Романија беше прв приоритет и откако се доби можност да се дигне РВ во Нов зеланд (и тоа се погоди и моментот во вечерните часови кога Чиле е најак) Романија започна да губи една од териториите во Нов зеланд(Романија и Грција имаа по 2 територии таму).

Следниот ден од сабајле како што се очекуваше следуваше нападот од Романија и Грција. Чиле беа одлучни и се знаеше дека приоритет ќе биде Романија. Се боревме јако првите неколку рунди и успеавме да ги добиеме.
Битката заврши со инзвореден скор од 36:85 за Чиле


Веднаш потоа откако се ослободи првиот регион на Романија во Нов зеланд Чиле тргна по вториот нивни регион при што и тој успеа да се ослободи.

Следна во целата приказка дојде Грција!
И таа слично како и Романија не пружа голем отпор на Чиле освем во првите рунди!
Крајниот резултат беше 11:83 за Чиле!


Чиле и покрај нападите од сите страни испадна доволно силен за да не им се потчини!Многу мислеа дека Чиле ќе биде освоен и дека ќе биде избришан но испадна сосема спротивно.
Според мене тие се единствени во играва кои што се уште ја играат и се трудат да сторат нешто со останатите луѓе на ереп.



Како и да е сега ситуацијата излгеда сосема поинаку!
Англија и Хрватска веќе влегоја во јужна америка подетално Бразил.
Англија активираше воздушен напад и тој напад беше успешен.
Додека Хрватите преку територијата на португалија успеаа да го нападнат Бразил!


Сметам дека деновиве Аргентија и Бразил ќе бидат тотално избришани и Астерија конечно падната на колена!

За нас ситуацијата можам да кажам дека е одлична затоа што Грците го потрошија АС
и невервам дека ќе се обидат да ни загрозат дел од териториите во Канада.



Исто актуелно деновиве е сменувањето на Полска страна.
За многу луѓе изненадување но за некои не.
Според мене тоа беше видливо затоа што полска пред месец дена веќе бараше активно Членство во Астерија но поради сојузот Сириус тоа сеуште не се оствари. Но сега работата е поинаква Сириус го нема и Полска си менува страна. Мое мислење ова е кукавички потег но сепак тие си знает што е најдобро за нив. Им посакуваме среќа и успех понатаму! Македонија имаше МПП со нив веќе некој период но сега тоа МПП ќе се изгуби заради авионскиот напад од страна на Полска кон Грузија.


Околу нови МПП`а на Македонија можно е да се потпише со Хрватска. Во последниве неколку месеци со Хрватите и со Англичаните одлучно соработуваме и голема е можноста и ова да се случи!
Иако можеби многу неверуваат во тоа нешто сепак ќе оставиме да видиме за понатака.

Со грците нема ништо ново значи не сакаат мировен договор барем засега!
Но сепак ние ќе се трудиме ќе разговараме и ќе пробуваме без разлика колку тоа изгледа невозможно.

До македонците во странство им посакувам да си дојдат Дома и да си пукаат за својата држава. Јас лично имам многу компании и не сум пишман што не ги работам. Деновиве си се изнапукав и си се чуствувам одлично.
Башка празничнава еуфорија што не фати.

Исто утре имам Роденден и еРоденден во РЛ и Играва. Помина доста време откако го почнав ова онлине игруле и знам дека дојдов ради Македонија да се бори против Грците. Размислете вие за што сте дојдени и која ви е првичната цел!


Извинете малце на статијава али испадна малце поголема!

Тоа е све засега

МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

Phantom MKD




За шаут:
http://tinyurl.com/l7rypto
Случувања во еСветот [MoFa Mакедонија]

Други поинтересни артикли:
1. [COMICS] How to join Asteria? / Como unirse a Asteria? [EN/ESP]
2. [TR MoFA] True Faces
3. [MoFA] To all our Polish friends. Do Wszystkich Polskich Przyjaciół
4. [MoFA CL] Today is a Happy Day for Chile!!!
5. Hail THREE?