Ах Тигри, Тигри! [Game Over]

Day 2,159, 23:37 Published in North Macedonia North Macedonia by Pljakot31

Беше лошо ранет. Го знаеше тоа. Иако околу него беа се нашле Трте и Роберт, како и некои други понови членови на Тигрите кои не ги познаваше затоа што се поретко наминуваше во базата, тешејќи го дека ќе биде подобро, знаеше дека крајот се ближи.

Во тие моменти се чувствуваше како Гоцета Делчев. Ранет, крвта ја целува македонската земја..се насмевна во себе и помисли: будало, ова е крајот, ти поезија пишуваш. Ги погледна војничките другари и се натажи. Го нема Ел Че, го нема Среерс, го нема Трајче, Лајвшит, Спецанз, АцеЖути, Дугалиќ, Смексор, Ѓоре, Драгонче, Шмекерот..кој загина, кој се повлече во двоклик, кој премина во друга единица. Изгледа сите борци за слобода и правдина ги чека ваквата судбина - помисли.

Додека болките го тераа да биде со грч на лицето, одеднаш го погледна Трте. Му се заблагодари затоа што ги презема и предводеше Тигрите во кризен период издигнувајќи ги во најдобра единица во еМакедонија. Му кажа каде има скриено голема сума на пари и му рече да ги предаде на новиот командир на Тигрите. Извини што не успеав да ги вратам сите Тигри во старото јато - додаде. Извади од ранецот неколку оброци и им ги подели на новите членови. Имаше и една симпатична девојка меѓу нив. Ја погледна кратко и се насмевна помислувајќи во себе: немам време девојко.

До него постојано беше Роберт, кој му повторуваше: држи се, ќе те скинам, држи се! Пљакот го погледна бледо, се насмевна повторно и со последните сили извади од ранецот еден лист хартија и го тутна во раката на Роберт. Еве ти ја последната ебана статија за Тигри што ти ја ветив! Почна силно да се смее истовремено виткајќи се во болки. - Не очекував дека ќе биде проштална и дека ќе ја добиеш во вакви услови.

Откако се поздрави со сите, со строг глас им кажа на Тигрите: А сега одете, оставете ме тука, пред да ве стигне непријателот. И запомнете, ако некој од вас ја доживее мојата судбина, не плашете се, сигурен сум дека после еЖивотот не чека некој поубав живот, можеби Реален Живот!

Иако се противеа, другарите го послушаа и заминаа, извикувајќи - да живеат Тигри, да живее еМакедонија! Пљакот остана бавно да заминува од тој посран еСвет, полн со неправди, со себични и алчни Големи сили, да се јадосува зашто никогаш не се потруди повеќе да се направи вистинска државна армија како што замислуваше, остана да се сеќава кога успеа да го погоди со снајпер Мегалександрос и да се прашува како успеа педерот да преживее, да си спомне за сите непреспиени ноќи и битки во изминатите 3 години, се потсети како го предадоа своите, па потоа мораше да го менува идентитетот, долго време претставувајќи се како Трчи Лажи, му текна на илјадниците играчи кои беа се откажале или загинале пред него, си спомна и за сите педерски работи во играта, ги стегна забите и промрморе - ах бре македонче!

Почувствува како телото му слабее, дишењето му се отежнува.. си рече, сега може да еПочивам во мир, Game Over.