Две години eRepublik

Day 2,799, 15:58 Published in North Macedonia Poland by blazz2

Две години eRepublik...Их,брзо поминаа...Секојдневно производство, тренинзи, се надевам дека ќе направам профил достоен за почит, освен ако не се спојат жичките па да настане куршлус. Малку околу ситуацијата во и со еМакедонија ( се разбира мое видување). Можеби ова се најубавите денови за еМакедонија откако постои blazz2 во овој виртуелен свет. Е сега причините според мене кои придонесоа да ги имаме сопствените региони и уште два три се следниве:
-потпишување на пакт за заштита со е Србија и нападите на еСрбија врз еТурција;
-"кризата" во Грција поради што грците се ограничени во користење на парични средства
И за крај уште нешто... Треба да бидеме поединствени , а не само да се напаѓаме едни со други... Гледам сега го напаѓаат сегашниот претседател, а имало бетер него, па уште го напаѓаат луѓе кои пукаат за други земји, бркаат медали, а него го обвинуваат дека не испукал доволно за еМакедонија.Да престанеме со лицемерие, со љубомора, со завидливост... Ајде сите сложно за МАКЕДОНИЈА.