еАмбасадор во еШведска [BojanglesBt]

Day 1,790, 05:19 Published in North Macedonia North Macedonia by King Bojangles
Здраво браќа и сестри Македонци каде и да сте!

Чест ми е да се пофалам во мојата прва статија дека сум новиот еАмбасадор во еШведска. Ја одбрав оваа eдржава само поради плавушите шо ги има во изобилие таму. Се надевам дека нема да ми се нафрлат толку многу што нема да можам да ја извршувам оваа моја обрска па затоа секој кој што сака ќе може да помине во eАмбасадата и да се подружи со овие eШведски убавици. Доволно со зафрканциите сега е време да се претставам како сериозен eАмбасадор и да ветам дека ќе си ја вршам работата најдобро што можам. Ја одбрав оваа eдржава поради тоа што мислам дека еШведска е една силна држава и би можеле да бидеме добри сојузници и да се бориме рамо до рамо во понатамошните битки.

Еве и некое основни информации за еШведска:

-Државјани


Како што гледате на самата слика во еШведска живеат околу 1100 едржавјани на кои бројката секојдневно им расте. Нивниот процечен левел е приближно колку и на еМакедонија и изнесува 24 што е за 3 помалце од еСветскиот. Карактеристично е тоа што имаат голема Такса за нов државјанин која изнесува 200 SEK.


-Територии и Ресурси


еШведска се простира на 7 територии со главен град во Svealand и ужива во 4 ресурси од кои Добиток, Елен, Железо и Алуминиум.


-Економија


На сликата се прикажани даноците во еШведска. Оваа држава нема трговски ембарга и минималната плата изнесува 7.00 SEK.


-Политика
*Политички партии и конгрес


Партија со најмногу членови во конгресот во еШведска е NationaIgardet со 16 членови, потоа следи Flashback Sweden so 13, Folkhemsdemokraterna и Arbetarepartiet MSAP со по 5 и на крај Nyborjar Partiet NIFF со 1 член во конгресот.

*Влада
Прецедател: Wolf Heinrich von Helldorf
Премиер: Kain Propan
МОД: Elsamba
МОФА: Snaskefar
Гувернер: w3st3rb3rg
МзИ: Dalze


-Сојузи и Природен непријател


eШведска е сојузник со повеќе држави како што се Финска, Норвешка, Бразил, Белорусија, Јапонија, Бугарија, Германија, Кина, Украина, Канада, Јужна Африка, САД и Русија, а вооедно и нема Природен непријател.


-И за крај едно кратко интервју со МОФАта на еШведска Snaskefar:

Од каде дозна за ерепублик и зошто баш тоа име ?
Snaskefar: Дознав од фејсбук, некој кладе флаер или нешто таму.

Дали си на ерепублик 24/7 или имаш време и да излегваш и забавауваш ?
Snaskefar: Учам цело време и пак стигам да се забавувам така да имаш време за се.

Што мислиш за еМакедонија и дали не гледаш како добар сојузник некој ден ?
Snaskefar: еМакедонија беше наш сојузник во ОНЕ, но никогаш не осетив дека нашите земји се споија. Никогаш не ни правевме заедно нешто повеќе од тоа што го правевме во ОНЕ.

Какви се односите на еШведска со другите едржави овде ?
Snaskefar: еШведска започна сојуз со еФинска, но тоа не и се допадна на еПолска бидејќи се влучивми во борбата на еФинска со АБЦ. Исто така еШведска е многу блиска со еГерманија и еБелорусија последниов месец, најмногу поради АБЦ војната. Исто така јас мислам дека старите ОНЕ еземји некако не сакаат ништо со еШведска и не разбираат зошто го започнавме сојузот со еФинска. Тоа не беше вртење грб на старите сојузници, туку беше да се започни нешто ново и да се оди што подалеку од старите ТЕДЕН против ОНЕ исцрпувачни и предолги борби и да се биде во сојуз со кој што имаш нешто заедничко, во играта како и во реалниот живот. Сепак малите сојузи се единствената работа што може да ја направат оваа игра позабавна.

Велат дека жените таму се многу убави. Што ќе кажиш ти за ова ?
Snaskefar: Па секако дека Шведските жени се над просечни, како и во Данска, Норвешка и Исланд.
*Највероватно нема видено Македонски девојче 😃