Програма „ИНКУБАТОР“

Day 1,668, 02:46 Published in North Macedonia North Macedonia by JonycusMaximus

Ќе се надоврзам на претходната статија (Размена на дивизии), но бидејќи е во малку поинаков правец го пишувам во посебна статија.

Што би било програма „ИНКУБАТОР“? На кратко, државна помош на војници кои се блиску до промена на дивизија. Особено од дивизија 1 и дивизија 3. Или поточно, да се креира посебна група на војници кои со помош на државата (храна и оружје) ќе се поддржат да што е можно најбрзо сменат дивизија.

Како што сите знаеме, освен дивизија 3, во сите други дивизии сме слаби. Дивизија 1 со својот 1 поен не може да смени многу, но ако се поддржат овие војници и се префрлат брзо во дивизија 2, нивниот ефект ќе се дуплира. Значи, во програмата влегуваат војници на кои им фали одрден број на поени за да миант во дивизија 2 и се поддржуваат во рок од 2-3 дена да преминат во дивизија 2. Истото важи и за дивизија 3, но се разбира малку побавно и потешко.

Овие ИКНУБАТОРИ, особено од дивизија 3 во дивизија 4 треба да се користат за во размената на дивизии, бидејќи се под директна државна контрола. Со тоа иаме двоен ефект, помош на сојузниците (се разбира и нивна помош кај нас) и брз развој на играчи ко ќе се префрлат во потребните дивизии.

Не ги знам точните бројки колку би било ова изводливо, но мислам дека вреди да се проба... Играта ни наметна промена, која ги прави земјите поконкурентни, не може сега еден тенк да ја добие војаната, така да мораме да се адаптираме.. што побрзо тоа подобро..

Поздрав...