ЗА НОВИТЕ ИГРАЧИ: ТУТОРИЈАЛ #3 [МзИ]

Day 2,747, 06:44 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

Здраво нови играчи.

Во овој туторијал ке дадеме објаснување за Мои места/My places делот на еРепублик.


Работата и тренингот се едни од најважните работи на играта. Тоа е единствен начин да напредувате. Во оваа статија ќе биде објаснето како тоа да го правите.

Да започнеме.


I.1. Моја работа

Преку овој дел имате можност да се вработите за плата и да заработувате пари што ке ви помогнат за понатамошен развој.


Со стискање на копчето "Вработи се" ќе ви се отвори следната страна(истата може да се најде и пазар>>пазар на труд):



Треба да ја изберете највисоката плата. Кога тоа ке го направите ке ве врати назад во делот од компаниите.

Следен чекор е да кликнете на копчето Работа и добивате детали за вашата работа:



1. Преостанатите денови за да го заработите медалот Вреден работник
2. Вкупниот број на работни денови без прекин
3. Добиениот број на искуствени поени
4. Потрошената енергија

Откако ќе сработите може да го забелижите делот со "дај оставка" од лева страна и "работи прекувремено" од десната страна.



По стискање на "дај оставка" доколку сте работеле повеќе од 3 дена го дава следново:



За да работиш прекувремено потребни се поени кои се добиваат од вклучените привремени куќи, ама за тоа потоа.




I.2. Мои компании



Тука ке ги видите вашите фирми и ке може да селектирате во која фирма сакате да работите.

Исто така можете и да го користите копчето Креирај нова компанија доколку сакате да го зголемите бројот на фирми. Со кликнување добивате ваков прозорец:



Суровините се потребни за да бидете во можност да произведувате продукти како храна, оружје и куќи.
Би ве советувал во случај да ви требаат суровини да ги користите крајните три.
Последното се исплаќа само ако користете работници, а треттата и четврттата се за работа како менаџер односно сами да работите.

За правење на фирми би ве советувал да не го правите тоа поефтини има на пазар само до квалитет 1 да купувате нагоре не се исплаќаат за повисок квалитет ќе треба да почекате некој попуст за надоградба(кои ги има еднаш до 2пати месечно).



Надоградување изгледа вака:



Исто може и да ја растурите или продадате фабриката(освен таа што се доделува на почеток):



Може и да го надоградувате вашиот склад што не е препорачливо за новите играчи.


II Тренинг

Тренингот е битен за да ја зголемувате вашата сила со што ке правите поголема штета во битките.



Потребно е да имате 10 енергија за да истренирате 1 тренинг. 40 вкупно за сите 4.
Треба да ви бидат штиклирани тренинзите за да вежбате.
Од левата страна има копче за надоградба, за која најдобро е да почекате попуст кога ќе има.
Може да забележите горе десно има Тренинг договор. Оваа можност ја даваат админите еднаш во месецот. Има два типа на договори од 50% поефтин и 90% поефтин. Се препорачува договор од 90% кога ќе ги кренете сите тренинг центри 4*.

По тренирањето вратете се на почетна, Кога ке сработите и тренирате ке можете да ги завршите дневните задачи.
Со кликање на копчето Освој награда добивате:




III. Склад



Тука ке ги најдете сите производи кои се во ваша сопственост.
Со кликнување на големиот + можете да го надоградите складот:
Складот исто така ги содржи и базуките и ракетите.

1. Базуките може да ги добиете во битка за тоа ке зборуваме во наредните статии.
Базуките овозможуваат со еден удар да се порази непријателот и прават 10.000 штета од удар.

2. Ракетите се кое дава екстра штета во битките
Ракетарите имаат 4 нивоа (основното и 3 надградби), кои се достапни во зависност од дизивзијата во која се наоѓа граѓанинот.

Не може да има повеќе од една ракета во складот. За градење на наредната мора да се употреби веќе постоечката

Преку складот можете и да продавате производи на пазарот. Само пазете на препорачаната цена е мн. пониска од реалната.


IV. Згради со посебна намена.



Овие згради даваат дополнително здравје. 2-те згради што се најгоре Црвената(+100) и зелената(+50) зграда може да се купат со злато и се трајни згради. Црвената има цена 199 голд а зелената 99. Останатите може да се купат/произедат или да се добијат(тие што се во сини боја кај мене нема такви моментално) како награда од Неделниот предизвик или некоја мисија или тркалото на среќа. Овие куќи се привремени.

Исто и ракетарата е дел од зградите со посебна намена.

V. Промена на локација е објаснето во претходната статија

Толку во оваа статија. Во наредната ке може да прочитате подетално за битките.

Oстанатите 3 туторијали:
| Туторијал 1 | Туторијал 2 | Туторијал 4 |

Red Stefan МзИ за месец Мај 2015.

Благодарност до Алисс за претходните 2 статии и Акцонел за туторијалите што беа користени како насока.