КАКО САМ ДА СИ ГО УНИШТИШ БИЗНИСОТ - 2 дел

Day 1,153, 11:26 Published in North Macedonia North Macedonia by eMacedon
ПОРАКА ДО ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ на ЖИТО и КАМЕН или за оние кои не знаат да си го направат есапот

Ќе напоменам, дека во континуитет со овој напис не анализираме зошто и од кои причини се такви цените какви што се на пазарот туку ќе им појасниме на оние на кои очигледно слабо им оди математиката и несвесно одат во зијан.
Секојдневно гледам многу од нашите бизнисмени работат многу лошо без да си направат пресметка за добивката, која е темелна вредност на пазарната економија. Бидејќи и јас имам мелница и каменолом, ме чуди како вака работат некои колеги, бидејќи јас лично сметам дека многу од нив несвесно си го уништуваат сопствениот бизнис.
Да не должам туку еве уште веднаш нудам една конкретна анализа за сопствениците на каменоломи и мелници кои работејќи вака буквално лично пропаѓаат, а со тоа пропаѓа и нашата економија.
Според моменталната состојба на пазарот на пари, стока и труд, каде продуктивноста е основен параметар на се, ќе тргнам обратно и ќе ја дефинирам максималната висина на платата на работникот за да сопственикот не биде во загуба.



Појдовни параметри:
1 жито или камен = 0.07 Мкд
1 МКД = 0.025 Злато
Продуктивност 100% (здравје)
Пријатели = 0

Максимална плата во МКД за да нема загуба:

со Појачување (бустер) = 10% (без злато)

10 левел = 18.94
9 левел = 16.31
8 левел = 15.41
7 левел = 14.50
6 левел = 13.60
5 левел = 12.69
4 левел = 11.88
3 левел = 10.88
2 левел = 9.97
1 левел = 9.06

со Појачување (бустер) = 50% (со злато 0.19)

10 левел = 24.56
9 левел = 21.15
8 левел = 19.97
7 левел = 18.80
6 левел = 17.62
5 левел = 16.45
4 левел = 15.27
3 левел = 14.10
2 левел = 12.92
1 левел = 11.75

Сите што даваат поголема плата имаат чиста загуба.
Максималната плата треба да биде и пониска ако некој од појдовните параметри отиде НАДОЛУ (добие неповолна вредност).

Ако на некој му е многу жешко поради војнава нека ја повика дотичната на капење!



Ве молам за шаут и глас !