Тренинг војни

Day 3,943, 13:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

Поздрав Македонија каде и да си !


Во консултација со владиниот тим и активните играчи со маверик пакет дојдовме до заклучок дека моментално е најдобро да се отфрлат сите МПП што ги имаме и да почнеме активни тренинг војни со сите наши сојузници.
Тренинг војните би се одвивале во пинг-понг стил. Како што гледате секој ден има активни преку 100 војни а никој нема абер да се впушти во сериозна војна така да отвараме неколку нови тренинг војни и фармаме додека можеме.
Јужните ја имаат таа тактика веќе некој период и си имаат неколку тренинг војни со нивни сојузници па зошто да не го направиме и ние истото.
Тренинг војни би се одвивале така што секогаш тој што напаѓа би го губел нападот.
За секоја битка која треба да се добие или изгуби ќе бидете информирани на државниот зид.

Столе Лазаров
Претседател на еМакедонија