[МзИ] Нови измени во еРепублик

Day 3,898, 08:22 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Добар ден Македонци,

од денеска имаме неколку нови измени во механизмите на играта (кои ќе стапат на сила за 1 месец), и нов турнир. Статијата ќе биде прилично долга, па да започнеме.

Решителност и Концесија на ресурси

Како што еРепублик навлегува во својата втора декада на постоење ние работиме на одреден број проекти кои, со ваша помош, ќе ја мрднат играта од мртва точка и тековната статус-кво состојба и да се врати возбудата и забавата во играта.

И додека последниве месеци напорно работевме на внатрешните компоненти на еРепублик и мобилната апликација, свесни сме дека од гледна точка на играчите немаше големи причини за возбуда во одност на измените и настаните (турнирите).

За следните месеци планираме да воведеме одреден број нови можности кои веруваме, заедно со ваша поддршка и повратни одговори, ќе го сменат еРепублик универзумот на подобро.

Сите тие можности целат да ги решат најчесто споменуваните проблеми од ваша страна, со фокус на баланост на играта на ниво на земјите и на играчите.

Првите 2 проекти веќе се воведуваат постепено за да се дозволи на играчите да се приспособат на промените, и да дадат мислење за истите.

Решителност во Востанија

Моментално решителноста се калкулира од деновите по ред кога е окупиран регионот се до последното ослободување без разлика на окупаторот. Почнувајки од Ден 3,929 решителноста ќе се пресметува за секој окупатор одделно, според вкупниот број на денови колку е окупиран регионот во последните 250 денови.

Пример слика:


Колку подолго е еден регион под окупација, толку повеќе неговата популација добива решителност за да се ослободи од конкретниот окупатор. Тогаш кога регионот ќе се ослободи, граѓаните ќе го памтат окупаторот уште некое време. Ова ќе дозволи за ново-ослободениот регион да има шанса против претходниот окупатор за одреден период време. Решителноста во востанијата нема повеќе да се ресетира кога регионот ќе е повторно освоен преку МПП битка.

Пример слика:


Пример: Користејки ја моменталната формула, Решителноста на ден 3,750 ќе биде 1.32 (пресметано за последните 60 денови од претходното ослободување) против било која земја која го држи тој регион на ден 3,750.

Со новата формула, решителноста против Напаѓач А ќе се пресметува за 140-те денови откако Напаѓач А го држи тој регион, во последните 250 денови, што ја дава новата вредност од 4.45. Решителноста против Напаѓач Б (валиднот ако Напаѓачот Б успее да го освои тој регион) е основана на 45-те денови кога некој последно успеал да го држи регионот спрема целниот интервал резултирајки вкупно 1.14 решителност.

Против сите други земји факторот на решителност ќе остане 1 затоа што тие не го држеле регионот во тој интервал.

Сите други механизми што се однесуваат на решителноста под окупација ќе останат несменети.

Концесија на природни ресурси

Пред новите правила за решителност да стапат на сила, нов сакон ќе биде достапен на Претседателите и Диктаторите: Концесија на природни ресурси.

Новиот закон ќе делува како договор помеѓу земјите - ќе им овозможи на земјите да ја покачат продуктивноста или да си го зголемат приходот во трезорот со изнајмнување на региони, и ќе бара 50% +1 (едноставно мнозинство) за да помине законот.

Една земја ќе може да изнајмува ресурси само од своите оргигинални региони кои не се под странска окупација. Откако ќе се прифати од Конгресот на Изнајмувачката земја (Земја А) , законот ќе бара и потврда од Откупувачката земја (Земја Б), исто како и Договорот за Мир.

Кога Договорот за Изнајмување е прифатен од двете земји, ресурсот повеќе нема да се брои кон продуктивноста на Земјата А и ќе биде додаден како ресурс на Земја Б исто како да е поврзан со главниот град (целосен бонус). Природните Ресурси како и да е, нема целосно да се тргнат од Регионот и сепак ќе се сметаат кон бонусот на Регионот.

Секој ден кога Изанјмувачкиот договор за ресурси е активен на Откупувачката Земја ќе и биде наплатено од трезорот на земјата и таа сума ќе биде додадена во трезорот на Изнајмувачката Земја (Земја А).

Цената за концесијата (за изнајмување) е пресметана во однос на реткоста на ресурсот (бонусот) кој што е концесиониран и уделот што го има на економијата на земјата која го изнајмува.


Ресурси / Реткост / Бонус / Дневен % од БДП



Цената за концесија ќе биде додатна, односно, ако се концесионираат два или повеќе ресурси од истата индустрија, таа ќе се накачи според соодветниот процент на БДП на земјата. Пример: изнајмување на ресурс Крави (3% данок) и Елени (5% данок) ќе значи вкупно 8% дневен данок од ГДП за Индустријата за Храна од претходниот ден.

Земја која што држи под концесија ресурс ќе има придобивка од бонус продуктивноста се додека оригиналната земја го поседува регионот за кој е потпишана концесијата. Ако оригиналната земја го изгуби регионот, договорот нема да се прекине (сметајки дека тие би можеле да го вратат до крајот на траењето на изнајмувањето), а Откупувачката Земја ќе си плаќа данок секој ден.

Бројот на ресурси една земја која може да ги има под концесија наеднаш е ограничен. Регионите под окупација сеуште ќе даваат бонуси за продуктивност исто како порано. Компаниите поставени во регион каде има валидна концесија ќе имаат придобивка од бонусот на регионот од кој се концесионира ресурсот но не и од бонусите на земјата.

Сметајки го огромниот потенцијал на овие измени, на сите играчи ќе им биде дозволено ЕДНАШ бесплатно да ги преместат нивните компании и холдинзи.

*Сега е време да ги вратите во еМакедонија, бесплатно 🙂



~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~

Во склоп на овие измени, додадена е и нов графикон во секторот „Економија“ на секоја земја, веднаш под графата за приходи. Тој графикон го покажува дневното производство на прозиводи на секоја земја од секоја индустрија и е засега од информативен карактер. Може да го најдете на следниов линк:

https://www.erepublik.com/en/country/economy/Republic-of-Macedonia-FYROM





~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~

Денеска исто така излезе и банер за старо-нов турнир кој ќе започне за 3-4 дена, наречен Лига на Сојузници, кој е сличен на минатогодишниот турнир од таков карактер. Повеќе за ова прочитајте во оваа статија за ланскиот турнир:

https://www.erepublik.com/en/article/all-information-about-upcoming-event-mk-en--2650091

Во глобала турнирот е ист, само со малку различни награди, сега дава плус сладоледи.


Срдечен поздрав,
Министерство за Информирање
заменик-министер Северус Снејп