Субвенционирање на статии - проект
ivica08
Пред повеќе од 48часа беше објавена статија во која беше објавена првичната идеја за почеток на проект во Новинарството, кое има за цел да ги разбуди новинарите од сонот и да имаме една активна и изобилна новинарска сцена. 48часа беа оставени за дебат, во која можеше да учествуваат сите граѓани на еМакедонија. За повеќе инфо ТУКА.
Почнува да функционира од утре (понеделник - 26.02.2018 - ден 3751)
Проектот е по предлог и организација на политичката партија на МнМ Сега како проект станува независен од МнМ и истиот нема никаква политичка позадина. Во проектот се учествува надпартиски и без ДЕЛБА по никој основ.
Моменталниот претседател Little Beas јавно истакна дека државата парично ќе ја помогне организацијата. Искрено се надевам дека организацијата ќе има подршка и од другите политички партии и идните влади, покрај подршката од членството на МнМ.
Со секоја објавена статија во еМакедонија добивате 300cc. Услови кои треба да ги исполнувате за да добиете субвенција (парична награда за објавена статија) се:
1.Да сте државјанина на еМакедонија во моментот на објавување на статијата
2.Статијата да е објавена во еМакедонија
3.Статијата да е на македонски јазик
4.Статијата да не е бесмислена, беспотребна и кратка од типот: коментирајте за мисија, суб за суб итн...
5.Статијата да не е поврзана со политичка кампања
*Тоа подразбира дека не се субвенционираат статиите од типот кандидатура за претседател, конгресмен и политичка кампања на некоја партија
*Се субвенционираат политички анализи
6.Статијата да не е поврзана за тема со некоја мисија од играва, упдејт или да не е упатена до администрација на играва
7.Статијата може да е поврзана со реалноста (РЛ надвор од играта) под услов да не е политички случувања во реалниот живот, друго се е оправдано.
8.Максимум во една недела еден ист новинар може да добие субвенции само за 2 статии, ако објави 3 статија за третата нема да му се исплати.
Доколку ги исполнувате условите, статиите кои сакате да бидат субвенционирани и да добиете 300cc треба лично да ги доставите по приватна порака до ivica08
Во рок од 24часа, доколку ги исполнувате условите на вашата сметка ќе бидат исплатени 300cc.
Секоја недела ќе биде објавен извештајот, колку пари се испратени, на кого и од кој ги има донирано парите. Се ќе биде транспарентно
Членови на организацијата:
Ivica08
Comments
Субвенционирање на статии - проект
https://www.erepublik.com/en/article/-1344-2665209/1/20
Дополни во статијата слободно дека покрај вашите 300 цц од државата ќе добијат плус 300 цц значи вкупно 600 цц за статија.
Голема поддршка за проектот се надевам дека целта ќе биде максимално остварена.
о7
Во тие 300cc ги имав сметано и државните пари. Лично сметам дека е многу 600cc за статија, затоа што постои и ендорс па ако статијата е добра, новинарот може да од ендрос да добие пари. Ама ако сметаш со владата дека треба 600cc може да сменам, затоа што ја сум човек кој само ја дадов првичната идеа и извршувам, а државата и сите граѓани тие кои го уредуваат проектот.
Како ќе кажете така јас нека биде не е проблем.
300 cc povekje e demotiviracki otkolku motiviracki, ako sakate da gi motivirate lugjevo da pishuvaat stavete 3000cc.
Ќе биде 600cc нема кој да одвои по 3000 за статија да плати. Постои и ендорс па убава статија ќе добие пари и од тоа.
После консултација со S P L I N T E R ( http://prntscr.com/ijotu3 ) за да нема спам воведено е и 8 правило, кое гласи: Максимум во една недела еден ист новинар може да добие субвенции само за 2 статии, ако објави 3 статија за третата нема да му се исплати.
o7
кој е извршителот на овој проект сакам да го помогнам ?
Јас сум, повели.
Подршка за проектот о/