Последниот јавен говор на Александар Македонски

Day 2,859, 07:46 Published in North Macedonia North Macedonia by Archangel.Michael

Александар Македонски со сета одлучност има викнал на Македонците :

Дозволете ми да започнам со мојот татко Филип,Кога мојот татко ве најде бевте скитници и сиромашни се облекувавте во животински кожи и пасевте неколку овци на планинските падини тој ве најде кога со малку успех се браневте од трибалите,илирите и тракицијците..Наместо со вашите животински кожи тој ве облече во наметки и ве донесе долу во низините. Но најмногу од се ви даде храброст - храброста да се борите против варварите кој беа насекаде , Повеќе не брзавте да се засолнувате во заврлените места и во пукнатините на карпите во вашето неусвоиво планинско упориште . Цврсто стоевте на земја и се боревте за она коешто праведно ви припаѓаше тој ве направи колонизатори и воведе закони и обичаи кој не само што се грижеа за вашата безбедност..туку ја донесоја и зората на новото време на култура и живеење, ве направи владетели на варваите кои претходно се закануваја со опуштување на вашите имоти и зграпчување на вашите придобивки . Со победа над Фокијците тој го обезбеди нашиот пристап кон грција преку патишта кои беа широки и проодни а не тесни и непристипни. Тој ги понижи Атињаните и Тебанците до толку голема мера А ВО ТОЈ ПОХОД ЈАС ЛИЧНО МУ ПОМАГАВ КАЈ ХЕРОНЕЈА