ХРИСТОС СЕ РОДИ!

Day 2,604, 14:47 Published in North Macedonia Greece by Alexander First of Macedonia



издание бр.9



СРЕЌЕН БОЖИЌ! ХРИСТОС СЕ РОДИ! ЗДРАВЈЕ, СРЕЌА И БЕРИКЕТ ДА ВЕ ПРАТИ ДО КРАЈОТ НА ЖИВОТОТ! МАКЕДОНЦИ ПРАВОСЛАВЦИ! ХРИСТОС СЕ РОДИ! НЕКА СЕМОЌНИОТ ВЕ ЗАШТИТИ ОД сатаната И ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД!





Раѓање БОЖИЌ


Според апостолите Лука и Матеј, Исус бил роден во Витлеем, како син на Јосиф и Марија. Според евангелието на Лука, Архангел Гаврил ја посетил Марија за да и пренесе дека таа е избраницата од Бог да го роди Синот Божји. Според Лука, наредбата на Октавијан Август ги принудила Јосиф и Марија да го напуштат Витлеем и да се преселат во Назарет, во куќата на предците на Јосиф, меѓу кои спаѓа и царот Давид за време на Квиринскиот попис.

По раѓањето на Исус, Матеј пишува за мудрите владетели кои му донеле дарови на Исус и кои ја испратиле ѕвездата за која верувале дека е знак дека се родил кралот на Евреите . Исус своето детство го поминал во Назарет, Галилеја. Тој престојувал и во Египет, по наредбата на кралот Ирод за колење на невините деца, плашејќи се и самиот од ѕвездата која ја видел. Според Матеј, тој и неговото семејство во Египет останале сè до смртта на Ирод, по што се вратиле во Назарет.

Лука е единствениот кој пишувал околу посетата на Исус на храмот на Ирод, при што неговите родители сметале дека се изгубил. Тоа е и единствениот настан од евангелието во кој се опишува животот на Исус помеѓу раѓањето и крстењето. Според евангелието на Марко, Исус бил нарекуван „дрводелец“. Според ова, се смета дека Исус во своите триесет години работел како столар, занает кој го работел заедно со својот татко Јосиф .