Овчарот...

Day 2,533, 13:21 Published in North Macedonia Nigeria by efiljo II

Еве ви една истинита прича за еден наш револуционер на играва со турско потекло.
Оваа статија му ја посветуем само на него!
Си бил еден млад овчар, кој немал ништо друго освен овци и не знаел за ништо друго на овој свет, освен за овци.
Тој си живеел со овците, си зборувал со нив, спиел кај нив, ги сакал и тие за него биле сè. Но, еден ден до пасиштето му отвориле јавна куќа…
Овчарот станал љубопитен, какво е тоа ново нешто и решил да провери. Отишол и тропнал на вратата, една провокативна госпоѓа отворила.
Тој и рекол дека сака да види што е тоа јавна куќа, а таа му рекла дека нема проблем само ако има пари. Работата била што тој немал пари и никогаш не ни имал.
Со тага во срцето решил да ја заколе Доли, една од овците. Немало друг начин, а цврсто бил решил да провери што е тоа до неговото пасиште.
Ја заклал овцата, го продал месото и влегол во јавната куќа.
Сабајлето целото стадо се собрала пред борделот и си го чекале Овчарот да излезе. По некое време, овчарот излегол на тересата гол, се истегнал, погледнал кон овците и им рекол:
– Ќе ве исколам еј, сите ќе ве исколам!