А бре македонче ...

Day 2,533, 11:06 Published in North Macedonia Serbia by n e v e r C G

..сто пати ти е кажано и прекажано. НЕ ПАЃАЈ НА ПРОВОКАЦИИ. Остај ги нека си лаат. Дела, а не зборови.

Дали имате прочитано статија на Чилеанец во која се фали како и колку ни помогнал? Индонезиец? Србин?(ова од порано) Бугарин? А дали имате пропуштено можност да се пофалите ако некому сте му помогнале? Гордоста можеби е нашата главна особина ама е и тврдоглавоста. Конкретно овие денови гледаме како избива војна од навредливи коментари помегу нас и Хрватска а се започна со статија во која Македонец реши буквално да си го мери со останатите членки на нашиот сојуз.

Свесни сте (бар треба да сте) дека година-две уназад нашата моќ експоненцијално опаѓа и како резултат на то, не можиме да пркниме и да се ослободиме од јужниот окупатор. Едно време надеж ни беше евентуалниот АС (шампиони сме во бегање) али со се поголемиот јазик на нашиот ни народ, се поголема ни станува листата на непријатели во оваа игра. Успеавме неутралци да свртиме против нас, да смириме раскарани земји постанувајки им заеднички непријател. На кратко, освен во Африка, на секој континент имаме дупло повеќе непријатели него пријатели.

Чиле и Бугарија мислам дека се единствените земји кои безусловно ни помагаат но со ова темпо само прашање на време е кога и нив ќе има се смачи од нас и ќе побараат сојузник во некоја посилна, постабилна и позрела земја која најверојатно е веќе наш противник или непријател.
Зато, потрудете се бар да ги сочуваме овие малку сојузници кои ни се преостанати и размислете два пати пред да отворите уста и навредите некој нов. Бидете скромни и реално согледувајте ја ситуацијата во која што сме и не носете брзоплети одлуки кои можат да ни наштетат на долг рок.

Оставете ги тие на власт нека ги одбираат нашите пријатели и непријатели, доколку сметате дека можи да поможите, пишете им ним а не јавно да си ја пробвате среќата пред цел ереп и да се брукате и вие и еМакедонија како земја.

TL😉R - bold text


Текстот е пишан на брзина, гледав да е суштински како шо треба 🙂 Ова е мое лично мислење и се извинувам ако не ви е по ќеф (а и за евентуални лекторски и граматички грешки)

Ако имате нешто да кажите, бујрум во коментари.

о/
МнМ