Рурални приказни: Децата,даскалицата и вистината [Лаф-Муабет]

Day 2,522, 09:56 Published in North Macedonia Greece by a translucent
16.10.2014 статија #5


Овие приказни не се мој труд. Напишани се на Преспански/Мало Преспански диалект (зависно од приказната) за да се долови комичноста во неа, ВРЕДИ ДА СЕ ЧИТААТ БИДЕЈЌИ СЕ ПОУЧНИ И ГО ПОДИГААТ РАСПОЛОЖЕНИЕО НА ВИСКО НИВО.
Ги раскажува: Стевче Радевски

Рурални приказни:
Децата,даскалицата и вистината


Преди многу години, во времето на комунизмот,во некое селско училиште во Бугарија требело да дојдат инспектори.Му сториле абер на директорот дека, на фиљан и фиљан ден, ќе дојдат инспектори за да видат на кое дереџе са даскалите и даскалиците и дали децата имат завземено со школото.Ко првачината во Болно, навремето.

Ги собрала даскалицата учениците од четврто оделение и на две од ними, му казала која стифотворба да ја научат и му дала савет,демек,ко ќе ги станит да ја кажат причата и да кажат колку е сатот .Сето тоа,благодарение на Тодор Живков и Комунистичката партија на Бугарија.

Другиот ден, втасале инспекторите, влегле во класот, фатиље тока со разредниот старешина и кинисала работата ,ко Mила од Прељубје во дупката со вар.

Го станала даскалката едното од децата ,ја казало стихотворбата и учителката го натерала да кажит колку е сатот.Го запрегнало детето кошуљчето го истопорило сатот и туку присторило:“Драга учителке,благодарение на Тодор Живков и Комунистичката партија на Бугарија сега е 12 часот“.

Го станала даскалицата и второто дете и то ја казало стифотворбата, го запрегнало фанелчето и гордо извикало:“Драга учителке,благодарение на Тодор Живков и Комунистичката партија на Бугарија, јас немам сат“.

Наравоучение:
Имало три категории на луѓе коишто секогаш ја зборувале вистината:Децата,пијаните и будалите.Додуша и јас, секојпат ја зборувам вистината,а не сум ни дете,ниту пијам...!?

Извик
Рурални приказни:
Децата,даскалицата и вистината[Лаф-Муабет]
http://www.erepublik.com/en/article/e-2-10-20141-2457625/1/20


Во случај да сте пропуштиле нешто...
Сите мои статии [Лаф-Муабет]
http://www.erepublik.com/en/article/-1344-2453666/1/20