Марсејски атентат

Day 2,515, 02:58 Published in North Macedonia Armenia by KopajMakedonce

Марсејскиот атентат е извршен на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Тој е еден од најдобро организираните атентати во XX век, којшто по многу нешта претставува настан што предизвика пресвртница во меѓународните односи и го означи почетокот на активностите што биле вовед во Втората светска војна.

Извршител на атентатот бил Владо Черноземски, член на Внатрешна македонска револуционерна организација. Тој, во текот на нападот, смртно го погодил кралот Александар I Караѓорѓевиќ со четири куршуми, а со еден куршум го ранил францускиот министер за надворешни работи Луј Барту, кој починал од од здобиената повреда.

Черноземски ја напуштил Бугарија во летото 1932 година, по наредба на ВМРО и местото на неговиот престој не било познато. Веројатно од тогаш започнале и подготовките за извршување на атентатот врз кралот Александар. Непосредните соработници на терористот на ВМРО во извршувањето на атентатот биле членовите на усташката организација Мијо Крал, Иван Рајиќ и Звонимир Поспишил, додека непосреден раководител на акцијата бил еден од првенците на оваа хрватска организација, Еуген Кватерник. Завршните подготовки за атентатот започнале во Швајцарија кон крајот на септември 1934 година.

За учеството во атентатот врз кралот Александар Караѓорѓевиќ и францускиот министер за надворешни работи Луј Барту, на Звонимир Поспишил, Мијо Крал и Иван Рајиќ судот им изрекол казна доживотен затвор со присилна работа. Во отсуство, смртна казна им била изречена и на водачите на усташката организација Анте Павелиќ и Еуген Кватерник што имало за цел да ги задоволи и смири југословенските државно-политички кругови.

Атентатот врз кралот Александар Караѓорѓевиќ претставувал врв на сите убиства што ВМРО ги извршила во периодот помеѓу двете светски војни.