Мисија 1/3 (ВИЦ)

Day 2,959, 11:14 Published in North Macedonia Bulgaria by OLaceX

Отишол некој 80 годишен дедо на доктор. После детални прегледи, докторот изненаден му ги кажува резултатите на дедото:
-Абе дедо, алал да тие, срцето ти е топ, вакви крвни садови нема ни 20-годишен. Како се одржуваш бе дедо вака на 80 години, ќе ми ја кажеш ли тајната?
-Абе Д-ре, кај нас на село имаме еден голем двор. Таму си чуваме гуски. Секое сабајле ќе ги пуштам гуските во дворот и ги бркам.
-Дај бе дедо не си играј мајтап со мене, од тоа не може да си толку здрав. Туку да те прашам, татко ти, на колку години почина?
-Скраја да е докторе, тој е здрав и жив, немој така. Со тате ние секое утро заедно ги бркаме гуските во дворот.
-Што зборуваш бе?! Колку години има тој?
-Тој има 99 докторе, за неколку недели ќе полни 100.
-Браво, браво. Е добро тогаш, дедо ти ... тој на колку години почина?
-Доста бе докторе! Скраја да е! Жив е дедо, немој така.
-Навистина? А колку години има тој?
-Тој има 120 докторе.
-Ооо Господе, па добро бе и дедо ти да не ги бркаше заедно со тебе и со татко ти гуските утрово?!
-А не докторе, не може тој сега ... знаете, ќе се жени и зафатен е околу свадбата па нема време овие 2 месеца.
-Што зборуваш бе? Па што му текнало бе на 120 години да се жени?!
-Абе докторе, мислиш тој сака? Абе неговите се запнале да се жени и ...