ИНТЕРЕСНО: Археолошко откритие во Лејчестер.

Day 2,494, 02:09 Published in North Macedonia Croatia by Bojche99

Археолозите од Универзитетот во Лестер ископале остатоци од два костури, кои веќе 700 години се држат за рака. Се верува дека костурите биле закопани во 14. век во капелата Свети Морел во градот Халатон, пренесува "ABC".



Археолозите на истата локација пронашле уште 11 костури, а веруваат дека во земјата може да се пронајдат и повеќе. Археолозите се' уште не можат да откријат зошто остатоците биле закопани на таа локација, а не во главната црква во самото село.

Меѓу останатите пронајдени остатоци, има и тело на еден постар маж, кој бил убиен со остар предмет, а експертите проценуваат дека станува збор за секира. Телото на младиот маж било пронајдено закопано со нозете на градите, што според зборовите на главниот археолог, би можело да значи дека бил болен.

Пред експертите сега има уште многу истражувања, за да откријат колку на која возраст и како умреле овие луѓе.

Извор: www.tocka.com.mk