Силна Македонија, со силни играчи...

Day 1,581, 01:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Cobe MC

Најнапред, да напоменам за промените што чичкото Плато ги воведи во играва, со тоа што ја изедначи валутата, односно воведи една валута за сите држави, и направи хаос со златото, односно најголема услуга од тоа имаат еДржавите со малку играчи каде златото со недели не можеше да се продаде. Најмногу корист од тоа имаа тие, а на штета на сите останати, оние од кои јадеше лепче чичкото.

Како што си се крена златото кај нас настана општ хаос, цените на оружјата скокнаа на максимум, односно сега еден Q6 тенк = 43.5 мкд, а платите 120-150 мкд. Стварно се смешни платите, со кои можеш да си купиш да речеме 4 тенка, што е еднакво и на рефундот што го даваат некои кои "печалат" еПари кои можат да си ги стават во Га*от. Искрено иритира тоа што се дешава, нејќам да тролам и да шаутирам да се преселиме и да работиме во странство, и да им ја јакнеме економијата на другите еЗемји. Но доколку не се зголемат платите јас ќе бидам прв кој ќе почни да плука по сите и да шаутира, да праќа пораки, известувања, статии со цел да си одиме од нашава мила татковина и да одиме на "печалба", за да можеме да купиме лепче и тенкче да пукаме. Искрено, мене не ми стигаат пари за да пукам по 1600 фф(и повеќе), на ден, секој ден си трошам од златото, кое сум го штедел да надоградам некоја фирма...
за 1600 фф= 160 q6 лепчиња*3.3 =528 мкд
1600 фф= 26 q6 тенкови*43.5=1131 мкд

или 1600 мкд на ден, а земам 4 смешни q6 тенка рефунд...

знам дека промениве ги осеќаат многу играчи затоа ќе ве замолам за Воут Шаут СУБ

поздрав 🙂