За мирот и соживотот!

Day 1,573, 16:45 Published in North Macedonia North Macedonia by goranosis

Најпрвин би сакал да ја започнам статијава со една слика:

Знак за мир и соживот!

Ова е наменето за последниве неколку денови, односно инцидентите кои се случија во Македонија... Иако е од РЛ сепак заслужува да биде споменато и овде...
Не знам колку го гледавте интервјуто на Сител на новинарката Мирка Велиновска. Таа најубаво ја објасни целава ситуација која што се случува. Доколку не се смири, би можела да ескалира и да се случи дури и инцидент како во 2001. Затоа, не треба да се паѓа на провокации, доколку некој ве нападне - возвратете, сепак тоа ќе биде самоодбрана, но немојте да навредувате и провоцирате. Тие што провоцираат само докажуваат дека се она за што веќе знаеме дека се: планински луѓе. До мене дојде една информација, излезена од одредени ЕУ кругови (барем така ми кажаа) дека ова се прави намерно за да може да ескалира ситуацијата, за да пропадне пресудата од Хаг, на НАТО самитот да не се стави на дневен ред Македонија и да се донесе некоја си Резолуција во ООН за да можат да ја распарчат Македонија исто како што беше 1913 година во Букурешт. Доколку не сте ја слушнале Мирка, еве ви линк:
Интервјуто на Мирка...
каде што таа најдобро објаснува што, како, но не го спомнува распарчувањето на Македонија. Сепак, прикриено, со други зборови укажува дека доколку нешто сериозно би се случило тоа би било до месец мај кога е и самитот.
Затоа бидете со смирени глави, пазете се и уживајте во играва 😉