БИТКА за СИТЕ ВРЕМИЊА

Day 1,434, 17:09 Published in North Macedonia North Macedonia by eMacedon
или
КОЛКУ СЕ ТРОШИ на ОВА ПРОКЛЕТА ИГРА

Само што заврши според мене најепската битка на еРепублика што досега ја имам видено. Имено станува збор за кампањата водена за регионот БАЈА помеѓу МЕКСИКО и ХРВАТСКА, а која заврши со победа 8:7 за хрватите.





Нема многу да зборувам, а ќе оставам сликите направени во жетоката битка да зборуваат, а вие самите направете споредба и дајте си своја оценка.
Намерно ги ставив сите мини битки за да може во детаљи да проанализирате.
За тие што не ја пратеа битката, еве можност детално да погледнат.
Главните актери се познатите богови и јунаци на еРепублика.

НО ВНИМАВАЈТЕ, На крајот, најдолу е сметката од АДМИНИТЕ.

















































За крај направив една мала пресметка:

Според бројот на убиствата (во просек 2 до 3 удари по kill) или 1.25 златника/убиство во оваа ЕПСКА БИТКА
Argrob со своите 75 милиони инфлуенс и 4077 убиства има потрошено 5100 златника или само 1700 евра.
Romper со 73 милиони штета и 3207 убиства потрошил околу 4000 златника или 1336 евра.
Останатите јунаци другата страна cowboy_from_hell и PedjaT потрошија значително помалку.
Бидејќи сите овие актери имаат најверојатно попуст некаде околу 20% поради дијамантскиот левел при купувањето на злато, но сепак оваа скапа играчка еРепублика ги чини многу нашите херои.
Не верувам дека постои друга таква занимација или игра без повратна добивка
каде се ФРЛААТ буквално толку многу пари. Сепак тоа е лична работа на секој поединец како и колку ќе троши.
Во секој случај, СЕКОЈА ЧЕСТ за јунаците на еРепублика.