ОПАСНИ ЗА НЕПРИЈАТЕЛОТ, ВЕРНИ НА ТАТКОВИНАТА

Day 1,410, 06:25 Published in North Macedonia Italy by Temelce

Минатиот ден беше прекрасен за Демонси, Покажавме како се чува и брани татковината.
Иако можевме да бркаме БХ по други држави решивме да го направиме тоа за Македонија и Успеавме. Во четири од осумте битки во востанието Демонсите беа први (иако во 3 од тие 4 молевме да не маваат другите и да ни остават БХ 😃 ама тоа е друг муабет)Така мавајки вчера ми дојде една идеја. Знаеме дека Гејциве маваат кампањски. Тоа значи можност за помалите единици и играчи да бркаат БХ. Чуствто кое го имав вчера по добиениот БХ беше одлично и многу ми значеше, тие 5 златца кои ги добив можеби не значат ништо и сигурно доколку ги добиеше некој од Македонските Тенкови подобро ке ги искористи но мотивот кој го добиваме ние послабите играчи после секоја освоена медаља е непроценлив. Знаеме дека не се само тенковите кој ја донесуваат победата. Треба и огромна ангажираност од цивилите и послабите играчи.Затоа за да ги задржиме послабите играчи кога имаме таков латаргичен период на Гејците во договор со Генералштаб да се види кој од помалите единици да им се остави да се прават со востанијата. Така и послабите играчи ке имаат поголем мотив да продолжат да ја играат играта иако знаеме дека никогаш неможе да ја стигнеме силата на постарите играчи.
Благодарам на сите за подршката вчера и се надевам дека предлогов ке се разгледа сериозно.