Како до УСПЕШЕН новинар?

Day 1,176, 11:07 Published in North Macedonia North Macedonia by Aspadora


Во оваа прилика сакам да ги запознаам новите и старите играчи што значи поимот новинар.
Дали секој што ке одвои 2 голд за да отвори весник автоматски треба да се смета за квалитетен пренесувач на информациите кои во оваа игра го завземаат најголемиот уддел во информињето за случувањата?
Дали под квалитетен новинар се смета тој што ке го кликне копчето Publish повеќе пати?
Дали под квалитетен новинар се подразбира тој што има повеќе статии отколку што има гласови и претплати?
Драги мои новинарчиња, преку ноќ не се станува успешен во оваа работа. Пред се треба внимание, време и учење со месеци пред да се нафатите да отворите весник. Верувам дека многу ќе се пронајдат во овој текст. Но не се разочарувајте , ова сватете го како лекција која ќе ви послужи во иднина. Многумина во текот на денот медиумскиот простор го преплавуваат со статии кои не се поврзани со никакво суштинско значење од ситуациите во еРепублик.
Постојано медиумскиот простор е бомбардиран со табу теми, неповрзани , нејасни и пред се кратки и бесмислени.




За да се биде успешен новинар треба одлично да сте запознаети со ситуацијата во играта. Вчера беа отворени преку 30 статии како тоа Србија била предложена за природен непријател ИАКО претходно беше укажано дека се е испланирано и договорено и нема место за трвога. Па србите ни се најдобри пријатели како и турците, зарем ке водиме војна со нив? Али сепак тие 30 статии беа едноставно препуцани од некои кои се логирал на 2 минути напишал една реченица и ги истурнал 5-те вредни статии за кои некои луѓе одвоиле саати за да ги створат.



Едноставно со тоа што пишувате глупости, новите играчи се учат на истото. Тие секојдневно гледаат статии безмислени и се охрабруваат да отворат весник со мислата ЕЈ па чекај малце овие глупости и јас ги можам , баш убаво би ми дошле екстра 5 голд. Али откако од една статија нема да добијат задоволителен број претплатници тие ќе напишат уште една и уште една и замислете што ќе се случи кога 10 000 играчи би пишале по 2,3 статии во текот на еден ден?




Драги мои читатели статијава е со добра намера. Да ве охрабрам пред да пишете било што , прочитајте ги сите претходни весници создадени во текот на денот, запознајте се убаво со ситуацијата, убаво истражете на која тема би пишувале и како би ги заинтересирале читателите и би им изнудиле претплати. Мора да пишувате нешто интересно и привлечно а сепак вистинито и реално.

Искрено посакувам да постоеше опција, претседателот или конгресот да имаа опција да даваа казнени поени или да ги бришеа неквалитетните натписи, со цел да новинарството да не пропага. Сметам дека ова е најголемиот начин да се допре до сите граѓани и лесно може да биде злоупотребено. Со една погрешна статија може да се искиви вистината и голем број нови и стари играчи да бидат во ЗАБЛУДА. Ве молам не пишувајте не вистинити работи со цел да освоите глас и слава, бидејќи ова е само игра и повеќе е битен моралот, честа и угледот и пред се достојноста на еден човек. Репутацијата и моќта ќе си дојдат сами по себе,
Затоа апелирам заедно да создадеме квалитетно новинарство а не само еден голем хаос од спам и лаги.


Да ставиме крај на манипулацијата !



И за крај еден совет. Сигурно сте приметиле дека играта ве исклучува од вашиот профил доколку сте биле неактивни неколку минути. Затоа не ви препорачуваме да ја пишувате вашата статијата директно овде, бидејќи во случај да ја пишувате подолго време, а бидете одлогирани, кога ќе кликнете Publish вашата статија нема да биде објавена, а сиот ваш труд ќе биде за џабе. Затоа ве советуваме да го пишувате вашиот артикал прво во Word, или Notepad, или некој друг текстуален едитор, па откако ќе завршите со пишувањето ископирајте го во вашиот весник. На тој начин ќе имате поголема прегледност на текстот, а со самото тоа и полесно исправување на евентуалните грешки.