КАКО да ДЕЛУВАМЕ кога ИСТОЧНА МК е под ОКУПАЦИЈА

Day 1,160, 11:54 Published in North Macedonia North Macedonia by eMacedon
ОКУПАЦИЈА НА ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА

Во вакви услови можни се две решенија. Прво: да се селиме во Западна Македонија (подобро) или Повардарие или второ, да останеме во Источна Македонија.
Што се однесува до преселувањето само мало појаснување. Требаат две карти (1 зона). Се оди прво во Јужна Србија, а потоа попаметно е со другата карта во Западна Македонија (и од таму може да се пука), за секој случај, да не треба после пак да се троши на селидби.
Само вработените во фирмите ќе се најдат во конфузија, оние граѓани од Источна МК што работат во фирми од другите делови на МК ќе добиваат плата во денари, па ќе треба за леб да се снаоѓаат оти ќе се купува за левови, или веднаш отказ од МК фирмата, привремено да гладуваат (да не се хранат, а и да не пукаат оти со самата окупација од бугарите против нас пукаат ) и да работат со што помало здравје кај вулгарите за да им нанесуваат економска загуба. Оние граѓани од Западна МК и Повардарие кои работат во фирми од Иточна МК ќе добиваат плата во левови, па ќе треба ако се 15 левел да менуваат злато за МКД или да позајмуваат леб или денари. Оние кои биле веќе вработени пред да падне Источна МК пак ќе добиваат плата во денари од МК фирмите.
ЗАТОА предлагам газдите да изготват пораки со инструкции до сите вработени со локација од Источна МК или државните органи да дадат инструкции до сите газди како да ги известуваат своите работници.

Молам за подршка!