КАКО ОПСТАНУВААТ ПЕКАРИТЕ

Day 1,135, 16:42 Published in North Macedonia North Macedonia by eMacedon
ТРАГЕДИЈАТА НА ПЕКАРИТЕ

Повод за ова мое јавување е катастрофалната состојба во пекарството.
Имено поседувам две компании и тоа за жито и пекара. Со житото некако излегувам на крај но пекарат никако да проработи како што треба, па затоа ја ставив во мирување. Имам залихи на леб за себе од прано и истата ја активирам да прави леб само во кризни ситуации како што беше случајот неодамна кога очекувавме војна со еГрција и еБугарија. Си креирав сопствен калкулатор (иако ги има многу такви) и никако не ми е јасно како пекарите опстануваат. При анализата на бројките при цена на житото од 0.08 МКД и лебот од 0.60 МКД за да пекарот биде во добивка откако ќе ги плати давачките кон државата треба да нуди плата пониска од следната максимална плата -:

За лвл=10,здравје=100, пријатели=0, осн. продуктивност=401, максимална ПЛАТА=7.59мкд
За лвл= 9, здравје=100, пријатели=0, осн. продуктивност=345, максимална ПЛАТА=6.54 мкд
За лвл= 8, здравје=100, пријатели=0, осн. продуктивност=326, максимална ПЛАТА=6.18 мкд
За лвл= 7, здравје=100, пријатели=0, осн. продуктивност=307, максимална ПЛАТА=5.81 мкд
За лвл= 6, здравје=100, пријатели=0, осн. продуктивност=288, максимална ПЛАТА=5.45 мкд
За лвл= 5, здравје=100, пријатели=0, осн. продуктивност=269, максимална ПЛАТА=5.09 мкд
За лвл= 4, здравје=100, пријатели=0, осн. продуктивност=249, максимална ПЛАТА=4.72 мкд
За лвл= 3, здравје=100, пријатели=0, осн. продуктивност=230, максимална ПЛАТА=4.36 мкд
За лвл= 2, здравје=100, пријатели=0, осн. продуктивност=211, максимална ПЛАТА=4.00 мкд
За лвл= 1, здравје=100, пријатели=0, осн. продуктивност=192, максимална ПЛАТА= 3.63 мкд


Со овие плати добивката за компанијата е ZERO или по нашки кажано НУЛА (0). Тоа значи секоја поголема плата за вработените ви донесува загуба во компанијата.
(Ако продуктивноста е поголема, заради БУСТЕР или пријатели, и максималната плата ќе биде сразмерно повисока). Арно ама ако понудите такви плати работниците не се вработуваат во вашата пекара, бидејќи има многу повисоки понуди.
Ако пак цената на лебот е 0.64 МКД , како што е сега, тогаш соодветно максималните плати (од гледиште на газдата) ќе бидат од 5мкд за 1 лвл, 5.5 мкд за 2 лвл и за секој нареден + о.5 мкд, така да лвл 10 ќе има плата 10.45 мкд.

Моментално платите на пазарот на труд се многу повисоки-:

За левел 10 платата е 19.00 мкд
За левел 9 платата е 17.20
За левел 8 платата е 15.70
За левел 7 платата е 13.30
За левел 6 платата е 11.30
За левел 5 платата е 09.30
За левел 4 платата е 06.60
За левел 3 платата е 06.00
За левел 2 платата е 05.30
За левел 1 платата е 06.80 мкд


Очигледно е дека реалните плати се 2 - 2.5 пати повисоки од оптималните кога добивката станува позитивна. Тоа значи дека РАЗЛИКАТА меѓу долните износи на платите и горните износи на платите, кога имаме позитивна нула, е ЧИСТА ЗАГУБА за ПЕКАРИТЕ.

Од сето ова кажано се прашувам, како работат пекарите кои нудат толку високи плати при гореспомнатите цени на житото и лебот. Претпоставувам дека на поискусните играчи од мене им е многу јасно, но кај многу од помладите тоа им ствара конфузија во умот и ги наведува да практикуваат практични решенија за ангажирање на т.н. РОДНИНИ или МУЛТАШИ за да профитират. Но за таквиот чекор треба да бидат свесни дека АДМИНИТЕ кога тогаш ќе ги „НАГРАДАТ„ со ПОСТОЈАНО БАНИРАЊЕ или т.тн PERMANENTLY BAN. Истовремено ваквиот чин ќе им донесе големо разочарување и ЖАЛ за изгубеното време.
Од сево ова заклучувам дека ПЕКАРИТЕ и другите дејности кои се во заминување пред новиот економски модул, треба сериозно да размислат за затварање на нивните компании и во скора иднина ориентирање кон новите ресурси кои допрва ќе бидат детално дефинирани.
Единствена сатисфакција ќе им биде сеќавањето на старите добри времиња кога нивните комапании опстојувале и им носеле солиден профит од кој тие израснале во сега добро етаблирани играчи.

Поздрав и до скоро читање.

eMacedon

П.С. Не сум многу искусен во новинарството и ИЗВИНЕТЕ ме ако пишувањето и едитирањето не е на високо ниво.
Но сепак не е лошо да кликнете ГЛАС и ПРЕТПЛАТА за да прочитат повеќе еграѓани.