Контрола над Baby-boom-от: „посвојте“ е-бебе

Day 1,275, 01:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Нема премногу да ве заморам со долга статија, но би сакал да ви се обратам со молба - да посвоите бебе! По објавата на војната на Грците врз Македонија добивме прилив од околу 700 играчи. Сетете се на времето кога бевте бебе... Ви требаше помош, се мислевте дали ако појдете на бојно поле - сеуште сте таму... Нели? Редовно немавте храна и пари - мисиите беа далечна желба... Понекој дури и не гледаше дека има мисии.

Акцијата посвојте бебе се состои во следново: Одберете случаен играч со со роденден денес или вчера (ќе ги најдете според нивото). Пишете му приватна порака - и помогнете му на секој начин да стане силен војник и вреден цивил. помагајте го умерено со храна, оружје, пари ако треба и така натаму. Внимавајте на заемите (не можат да бидат вратени до 15 ти левел, освен ако го научите како со заемот од 200 денари кои му требаат за мисии да купи баеги скапо злато од вас - бидејќи има право само да купува).
Појдете на Community -> Rankings и изберете рангирање на граѓани од Македонија, па наместете некој оригинален регион (новите кои нема да се мултија скоро сите ќе се таму!). Одете до последните страни (над 200 обично) и најдете си „бебе“ родено вчера или денес. Пишете му порака (на еден или повеќе), пробајте да стапите во контакт, па што е, тука е!