Македонски крвопис !

Day 2,909, 09:01 Published in North Macedonia North Macedonia by Makedonec2015

Мојот прапра дедо живеел под турско ропство
секој македонец тогаш трпел голем злостор!
Тој работел само за даноци за турски бегови
бил тепан и носен во зандани со денови!
Имал другари ајдуци, со нив скитал низ планини
бил спремен ако треба за слобода и за загини!
Горд македонец, верен на својата заклетва!
СЛОБОДА ИЛИ СМРТ!! на друго не се надевал!
А мојот пра дедо буквално преживеал се
ја гледал Македонија како ја распарчувале.
Ги гледал сите неправди врз неговиот народ,
од детсвото спомен му бил мирисот на барут!
Промена на окупатори, наша земја на кантар,

Борбата продолжува, од колено на колено
наши предци граделе, тука ни е коренот!
Врела крв се леела, за нашата татковина
те молам Боже чувај ја Македонија

Мојот дедо, не видел детство!
морал прерано да порасни за да чува семејство!
татко му во затвор, дома гладни деца пет,
мајка која плачи, жали, надвор војна мрачен свет!
Шанса имал да замини, од тука да емигрира,
но во душа му била земјава наша мила!
Со влез во Југославија, станал јаве тој сон
Добил слобода и сила, па пак изградил нов дом!
таткоми, роден во времето на Тито
но 91'ва година гласал за независнот!
добил своја држава со едно име и знаме!!
горди на тоа би биле Гоце Делчев и Даме!!
Десет години независност, па изникна нов душман
2001 година, таткоми на рамо пушка!!
Во борба за слобода, и за наша земја цела
победа против тие што сакат да не делат!!

Денес јас, ти и нова генерација
што сме направиле ние за оваа нација?!
Денес ти молиш, сакаш, да бегаш од овде!
сакаш да бегаш од тоа за кое дедо ти се борел?!
не молел за совршенство, сакал своја земја
денес ти имаш земја но не знаеш колку е вредна!!!
Имаш само една, бори се за неа
нека биде вечна како древна Хераклеа!
Не заборавај кој си и што си и каде си роден!
твојте предци направиле денес да си горд и голем!
Прапра дедо ми со пушка, а јас денес со песна
тече патриотска крв и ќе тече без престан!
Не го давај своето, за него биди борец!!
Денес тешко е да си, но биди македонец!!
Разбуди се, свести се, немој од тука да бегаш
дојде време кога НА МАКЕДОНИЈА ПАК И ТРЕБАШ!!!
https://www.youtube.com/watch?v=o5dtYSujZ1M