Да се биде или не: НАСА токму сега открива дали е пронајдена вода на Марс

Day 2,870, 02:03 Published in North Macedonia North Macedonia by citizenacko

Дали постои течна вода на Марс е прашањето на кое туку што би можеле да добиеме одговор. НАСА одржува конференција за медиумите во силен состав, претходно истакнувајќи дека станува збор за големо научно откритие.
Клучната личност на конференцијата, околу која светските медиуми го насочуваат своето внимание е научникот Лујендра Ојха од Технолошкиот институт Џорџија во Атланта, кој работел токму на доказите за снимените траги на Марс, кои имаат карактеристики кои упатуваат дека можеби станува збор за течна вода на оваа планета.

Ојха во текот на проучувањето на фотографиите од површината на Марс, ги отстранил сенките и светлосните пречки на нив, само за да открие темни облици во форма на прст кои со тек на време се менувале по модел кој е во согласност со течната вода.

Ојха своето откритие го нарекол „случајно“ истакнувајќи дека на почетокот немал поим што би можеле да бидат откриените форми на тлото. Оттогаш посветил „години истражување“ на тоа да се обиде да докаже дали станува збор токму за траги кои ги остава течната вода.

Ако научниците во НАСА навистина пронашле доказ за течна вода на Марс, импликациите би можеле да бидат огромни, бидејќи водата во течна состојба и понатаму е најдобар индикатор дека некогаш постоел живот, или допрва може да настане на Црвената планета.