[МЗИ] Препораки за нов турнир – Епско војување

Day 2,526, 12:12 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

Почитувани Македонци!

Време е да се објаснат некои работи за турнирот кој доаѓа и да се појаснат извиците кои беа присутни во вчерашниот ден за да се пукат или да не се пукат за турнирот.

1. Земјите ќе бидат рангирани според просечниот број на освоени престиж поени од активните борци

2. Активен борец – играч кој освоил барем еден престиж поен во турнирот

3. Земјата за која секој играч ќе пука, се одредува според тоа во која Воена Единица членува.


Овие 3 работи се најбитните за оваа статија и ке бидат подетално објаснети:

Прва работа- Земјите ќе бидат рангирани според просечниот број на освоени престиж поени од активните борци
Како се вади просек според ова рангирање. Се собираат престиж поените од секој активен играч, и се собират бројот на активни играчи, збирот на поените се делит со збирот на играчите и се добиват просекот на престиж поени за еМакедонија. Наша цел е тој просек да биде што повисок затоа што со рангирање на секоја земја се добива одредена сума на злато за државата. Првите 10 5000 злато,вторите 10 3500 злато и така натака.

Втора работа - Активен борец – играч кој освоил барем еден престиж поен во турнирот
За ова не треба многу да се објаснува. Доколку направите барем 1 килл, едно убиство наредната недела вие влагате во активни играчи и вие и вашите престиж поени влагате во калкулација за просекот на еМакедонија.

Трета работа - Земјата за која секој играч ќе пука, се одредува според тоа во која Воена Единица членува.
И за ова не треба големо објаснување. Без разлика какво државјанство имате, за која земја ке се рачунаат вашите престиж поени одлучува тоа во која земја е креирана Единицата во која членувате.

Доаѓаме до главното. Секој еден играч кој планира следната недела да не пука многу го замолуваме да не пука ни едно убиство без разлика какви битки ќе има Македонија, да не фрла бомби и да не зема ДО. Иако мислите дека со тоа и помагате на Македонија, вие само одмагате. Многу од вас прашуваат колку е тоа многу или колку е тоа малку. На тоа никој не може да ви одговори точно но според мене доколку не планирате да пукате НАД 3000 престиж поени.. не пукајте. НО доколку сакате и да пукате и да не нарушувате просек има и за тоа решение. Денеска сменете единица и наредната недела седете во таа единица која не е Македонска. Предлог за единици ви се Грчки на прво место, но може и српски и сите единици од Астериа земјите... Битно да не е Македонска. Една недела нема да земате ДО затоа што ке бидат против еМакедонија или нејзините сојузници но тоа се само 7 чоколадца и мала цена. Него и ние можеме да си играме терористи.. секое мулти што го имате префрлете го во Грчка или единица на Астериа и удрете едно убиство, со тоа им го рушите просекот на минимум !!!!

За крај порака до Командирите на Македонските единици. ЗАТВОРЕТЕ ГИ ВРАТИТЕ ДА НЕ МОЖАТ ДА ПРИМААТ НОВИ ЧЛЕНОВИ !!! Како што ние го знаеме ова,така и нашите непријатели го знаат, и како што ние правиме планови така и тие прават па најверојатно и тие ке ги пракаат нивните мултиња во нашите единици за да рушат просек.