Грци на нашиот пазар!

Day 1,081, 09:17 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Колку Македонецот е Македонец,и колку е подготвен да не го продава газот за пари - ќе се дознае СЕГА! Фирмата Ellinika psomakia DRS (http://economy.erepublik.com/en/company/ellinika-psomakia-drs/249959) влезе на Македонскиот пазар. Нормално, влегувањето на грчка фирма не е без никаква цел, и тоа е веднаш забележливо. Откако некако успеаа лебопроизводителите да унифицираат цени, да ја раздвижат економијата во насока на поголеми цени, но и поголеми плати, ете го гркот... Цена за 0.04 денари пониска од најниската Македонска, а внатре вработени строго Грци! Нормално, нашиот ноншалантен македонски граѓанин смета дека со заштедата од 0.04 денари на ден ќе си направи којзнае каква добрина. Всушност, ако купуваат сите кај гркот, нашите ќе мораат да ја турнат цената, но целта на гркот е токму тоа. Тој тогаш ќе оди повторно со 0.04 денари под цената. Целта на гркот на 15 дена пред војната апсолутно НЕ Е да бара профит! Целта е да не дојде до стабилна економија во Македонија. Што ќе се речи, Грција жртвува 20 злато за да го заебава целиот македонски пазар за леб, а нормално нашите мудри глави ќе одлучат дека е добро да се заштедат 0.04 денари по леб - и си го продаваат газот!

Македонци, бојкотирајте го Гркот. Ова не е ВЕРО. Овде, за разлика од реалниот свет за некој ден ќе има војна!