Brothers in Arms турнир [МЗИ]

Day 2,258, 02:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Поздрав народе.

Еве ме повторно со нова новост овој пат ќе ви го презентирам новиот турнир што Плато ќе го воведе наскоро.



-Турнирот ќе трае почнувајќи од ден 2.261 до крајот на денот 2.267.
-Целата штета што играчот ке ја направи ке биде додадена на штетата од единицата во која бил пред моментот кога турнирот бил објавен (ден 2.257- 9:00 ерепублик време).
-Штетата што играчот ке ја направи ќе му се брои во дивизијата во која бил пред да биде објавен турнирот (ден 2.257- 9:00 ерепублик време).
-Напуштање на моменталната единица, префрлање во друга или преминување во друга дивизија нема да се рачуна во овој турнир ке продолжи да се рачуна за старата единица т.е. старата дивизија.
-Ако играчот не бил член на единица за време на објавувањето на турнирот, неговата штета ќе се брои во првата единица во која ќе влезе пред или за време на турнирот.
-Штетата направена од играчи кои ќе се регистрираат после денот 2.257 9:00 ерепублик време нема да се брои во овој турнир.

Неделниот предизвик ќе има нови награди за овој турнир, и секоја дивизија ќе има сопствено рангирање.



Во продолжение ке ви бидат претставени наградите:

Индивидуални награди

За да бидете во можност да добиете награда, играчите мора да достигнат 500 престижни поени до крајот на турнирот (меѓу деновите 2.261 и 2.267).



Ако единицата во која сте член биде во топ 3 во повеќе дивизии во земјата каде што е единицата, наградите ќе бидат комбинирани.

На пример, Руската единица GRAD заврши на 1вото место во Д4 и 2ра во Д3, играч од Д4 ќе добие:

-тренинг договор поефтин за -99% во рок од траење од 12 дена
-12 чоколади
-12 дена +10 надополнување на енергијата
-12 дневен бустер за штета од 20 минути

-Тајмерот од тренинг договорот кој е во сопственост на играчот ќе биде замрзнат додека истече новиот договор од -99% поефтин тренинг. Откако ќе истече новиот договор, стариот договор ќе се продолжи.

-Бустерите за штета кој ќе бидат добиени како награда треба да бидат искористени до крајот на денот 2.281. Ако бустерите не бидат искористени до тогаш, ке бидат автоматски активирани.



Награди за воената единица

Воената единица ќе добие поени за нејзината позиција на leaderboards за сите 4 дивизии:
-за секое 1во место: 5 поени
-за секое 2ро место: 2 поени
-за секое 3то место: 1 поен

Секој поен ќе резултира колку пари воената единица ке освои. Наградите се пресметани со следната формула:
(поени/10) помножено со бројот на поразените противници кои единицата ги направила за време на турнирот.

На пример, ако единицата добие 7 поени и порази 20.000 непријатели, нивната награда ќе биде 14.000 CC. Со 0 освоени поени, без разлика колку непријатели се поразени, единицата нема да добие ништо.



Натпревар за дивизии

За разлика од наградите кои ќе бидат доделени на воената единица на национално ниво, ке има разделен интернационален турнир за регименти кој ќе биде достапен на Weekly Leaderboard.



Дивизиони награди

-Најдобрите 25 регименти на глобално ниво ќе добијат елитен статус (до следниот турнир на воени единици) и 50.000 CC за нивната воена единица, плус 50.000 CC поделени еднакво помеѓу подобрите членови на региментот.
-Со елитниот статус воената единица ќе може да поставува дневна задача секаде на која било страна без МПП ограничувања.
-Ако воената единица успее да земе, на пример, 3 регименти во топ 25, единицата ќе добие 3*50.000 = 150.000 CC.



Национални награди

Државите со најголем број на дивизии во топ 100 ќе добијат:
-1во место: +1 бонус решителност за 10 дена во сите битки
-2во место: +1 бонус решителност за 10 дена само кога напаѓа
-3то место: +0,5 бонус решителност за 10 дена кога напаѓа



За поделтани прашања или коментари посетете го форумот.

Не знам што да кажам како да го опишам овој турнир.



Министер за Информирање

akconel