[SaJrUs] Претседателско обраќање

Day 1,786, 12:43 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Здраво браќа и сестри Македонци!!!


Имавме доста напорен период и на воено и на дипломатско поле. На воено поле се соочивме со цел ЕДЕН и ЦТРЛ против нас, а на дипломатски план ја обновивме старата Македонско-Индонезискиот алијанса ACC под името ЛЕА (LGAP). Се работи за нова алијанса воено-политичка алијанса меѓу двата народа кои прифаќаат сите одлуки да ги носат заедно, ќе делуваме како едно тело со 2 глави. Не го мешајте ова со Воени Организации како Asgard (воената организација меѓу Финска и Шведска), поранешниот ОНЕ, ЕДЕН, ТЕРРА. Да почнеме со политичките случување:


За да го засилиме нашето влијание во е-светот, решивме со Индонезија да го ја засилиме нашата соработка и заедно да формираме братски сојуз. Не се работи за класична воена организација, туку за братски меѓусебна алијанса (нешто слично на пакт ама работи како алијанса) која ќе трае долго време безразлика дали сме членови на други солузи или не. Нешто слично како Полска и Шпанија како Србија и Унгарија кои заедно одеа делуваа во ЕДЕН, ОНЕ и сега во СТРЛ, само што нашето братство е официјално и ние ќе делуваме како еден глас. Безразлика што и да се случи во еСветот, ние секогаш ќе бидеме заедно. Сите работи ќе ги решаваме заедно, заедно ќе одлучуваме за тоа битките па се а и во кој сојузи ќе влеземе. Заедно ќе работите ќе ги решаваме како да сме едно тело со две гллави.

За што точо се работи?


Точно пред една година на 4 Октомври 2011 во мандатот на don_tas Македонија и Индонезија потпишаа сојузништво кое го нарекоа ACC. Целиод договор може да го видете овде. Бидејќи истече, договорот овој месец требаше да се обнови (читај овде). Заедно со Индонезијците решивме да го обновиме и да направиме некои измени, бидејќи во стариот се спомнуваче зачленување на Индонезија во ОНЕ (член 8 ). Бидејќи ОНЕ веќе не постои, овој член го заменивме со член 9 и одлука за сите наши идни политички одлуки заедно да одлучуваме. На пример: ако влегуваме во некој Сојуз заедно ќе влеземе. Како ќе гласаме во тој Сојуз за било која одлука заедно ќе гласаме. Ако треба да се одлучува за некој е-меѓународен проблем, заедно ќе одлучиме. Едноставно, се ќе работиме заедно.

Новиот член 8 се однесува за однесува за координацијата меѓу 2те земји. Сите комуникации се линеарни. Ако на нив им треба помош воено ќе побара помош од нашиот МоД, ако е за дипломатија ќе зборува со МоФата,а ако е нешто од поголемо значење CP и CP директно ќе се договараат. Решивме сојузнштво да бидат одговорни директно министрите по 2цаМоД и МоФа кои директно ќе ја координираат работата. Братството може да има само 1 претседател, а не 2, па затоа се решивме 2цата петседатели да станат генерални секретари на братството и тие ќе го имаат последниот збор.

Што точно ова значи?



Во практика, Македонскиот МоД ќе може да биде и Индонезиски МоД. Македонскиот МоД може да биде Индонезиски кога тие спијат, а кога ние спиеме нивниот МоД да биде Македонски и да се грижи за нашите битки. Вечерва тоа се покажа на дело кога тие целосно ја презедоа грижата за нашите битки и со нивна помош ја вративле Легурија (го отсековме САД) и ни зедоа доста рунди против Албанија. Со ова имаме 24 часовна покриеност на битките.
Уште немаме одлучено за ситници како дали странскиот МоДот може да дава тенкови на платеници и како ќе се финансира сево ова, како ќе се прават финансиски извештаи.


Друг пример, двете земји заедно ќе решаваат во која алијанса ќе влеземе. Ако треба да се гласа некоја одлука во таа лијанса, заедно ќе гласаме исто. Ако треба да се одлучи за некој меѓународен проблем, заедно ќе одлучиме и ќе имаме ист став.


Силата ни е во координацијата. Веќе се направени листови за полесна координација како и заеднички канал. Сите министерства од 2те земји во групни пораки комуницираат меѓу себе. Ќе продолжиме да работиме по овој модел безразлика дали сме во некој друг сојуз. Ќе работиме како едно тело со 2 глави.



Единствениот проблем кој го има алијансата е многу травијаен: дали птицата Javan Hawk-Eagle (eagle на англиски значи орел) е орел или не



На нивниот јазик има друг збор за нормален орел, а ова се нарекува Garuda. На логото на алијансата веќе е претставено оваа Garuda. За некој да не се почутвува нееднаков бидејќи ние сме лавовите, се разгледува можноста да се промени името н нашиот сојуз во Lions and Garuda Alliance Pact.


Сега за воениот дел:


Во последните денови ЕДЕН и ЦТРЛ не напнуваат, ние пробавме да се фокусираме на Албанија. Лигурија 3 дена не можевме да ја вратиме поради недисциплината на нашите играчи. Со враќањето на Лигурија добиваме во време и ги отсекуваме САД да не удрат во Италија, па мораа да напаѓаат во Швајцарија. Потешка беше војната со Албанија која напаѓаше кога цела Македонија спие.

Но од денес работата конечно се промени. Албнија повторно нападна додека спиевме и очекуваа дека преку вечер ќе водат со 30 поени, а кога ќе се разбуди цел ЕДЕН силнио да не удрат. Така правеа досега. Но денес паднаа во сопствената стапица. Ние бевме подготвени и со план, нашите најблиски сојузници ни плужија безрезервна помош, Индонезија беше припремена и со сите сили се бореше за нас. Србија Бугарија и Унгарија веднаш не ставија за ЦОД (им Благодарам на сите за помошта) Албанија не очукуваше дека Индонезијците ќе не покриваат цела вечер и целосно ќе ја превземат одговорноста за нашите битки. Индонезијците беа фулл припремени, почнувајчќи од тенкови па се до шпииони на албанските канали. Индонезијците ја добија и битките за Лигурија и против Албанија. Само нивната вечерна помош Лигурија конечно ја вративме за да се отсечеме од САД.

Дипломатијата напорно работи на секое поле, и денес имаме состаноци и пробуваме да подобриме расипани односи и да одиме напред.




Останете силни и обединети

Да живее Македонија

Македонија над се



SaJrUs o/