МАКЕДОНСКА МОЛИТВА ! ! ! [MACEDONP4]

Day 2,112, 07:25 Published in North Macedonia North Macedonia by MACEDONP4
Господи премили Боже кој си на небото, ги гледаш ли макиве наши Македонски, го слушаш ли плачот на нашите мајки, татковци, браќа, сестри и децата наши, за чедата загинати за Македонија. Со илјадници години крвариме, раните живи на неродените чеда им ги оставаме, Господе Ти единстен кој си на небото, само ти ја гледаш нашава мајка на четири страни распната како Синот Божји. Каде и да појдиш на гроб газиш и од коски се сопнуваш, Господе прекажини сега, кажини ја вистината нам и на светот, зошто Св.Никола на сон ми дојде и ми рече: И јас сум од земјата на љубовта и добрината и јас сум Македонец и јас проронив крвава солза во котелот на болката наша, но вистината кај Севишниот е, прашај го него и ќе ти каже, затоа што дојдено е времето наше МАКЕДОНСКО. Господе само ти знаеш дека постојат две вистини, но само една е правината, илјадници книги соседиве наши поделија со лажна историја и искривена вистина за Македонија. Господе само ти ја знаеш нашата правина вистинска, КОЈ СМЕ, ШТО СМЕ И ЗОШТО МАКЕДОНЦИ СМЕ, и на Апостол Павле му се јави Македонец и му рече: Дојди во Македонија и помогнини и Св Апостол Павле ја послуша молитвата и најпрво кај нас Македонците дојде и сега овде две илјади години во Тебе веруваме и во две илјади цркви и манастири се молиме и од вечноста тебе те чекаме, веќе и не паметам, но знам јас МАКЕДОН од Говрлево осум илјади години сам со Бога сум и пред најголемиот крст во светот се молам: Ти едниствен Господе премили Боже кој си на небото, послушаја молитвава наша и дојди во АРМАГЕДОН подајни рака и кажија вистината, за злото и добрината нам и на целиот свет, затоа што крв во нас веќе не остана, за големата мајка МКЕДОНИЈА

Сега е времето МАКЕДОНСКО ДОЈДЕНО, целиот свет вистината да ја спознае, да види дека чест и Благослов е да си Македонец, потомок на МАКЕДОН и син на Богот на Вселената.

Да живее МАКЕДОНИЈА !!!



АМИН !!!