Претседателска кандидатура [Aliss Wonder]

Day 1,924, 08:33 Published in North Macedonia Thailand by Nuclear Gamble

Здраво живо Македонки и Македонци !

Ви се обраќам со цел да ви ја презентирам мојата кандидатура за Претседател(ка) на еМакедонија.
После добри 2 активни години потрошени на играва сметам дека сум спремна наредниов месец да ја водам еМакедонија и да продолжам онаму до кај што стаса Букефал.

Мислам дека повеќето од вас ме знаат која сум во играва, последниве месеци сум и те како активна во политиката во еМакедонија. Бев премиер и заменик министер за надворешни работи во мандатот на Таша, бев министер за надворешни работи во мандатот на Бобан Пановски, а еве и сега сум заменик министер за надворешни работи во мандатов на Буце.

Она што можам да ви го го ветам доколку ме изгласате е дека ќе го дадам својот максимум, поминувам дури и премногу време online така да ќе Ви бидам достапна во секое време. Ќе се потрудам секогаш да бидете навреме известувани за одлуките и постапките на Владата, ќе бидам тука за да Ве сослушам доколку имате идеи или било какви критики.

После бурниот период кој го имавме месецов, верувам дека на сите ни е јасно дека сега следи период на стабилизирање и период кога треба да се покажеме како вистински сојузници. 🙂 ЦоТ и останатите сојузници беа тука за нас во најтешкиот период, слободно можам да кажам дека бевме приоритет секогаш кога имавме тешки битки. Ќе се согласите дека е време да ја возвратиме таа помош, а воедно и да го поднаполниме трезорот и банката.

Тимот кој го имам зад себе е составен од чесни, искусни и веќе докажани ликови, меѓутоа целиот детален тим ќе го објавам за неколку дена во продолжението од мојава кандидатура.

Ви благодарам на сите кои ме охрабривте да го направам овој чекор.
Се надевам дека ќе добијам подршка од сите Вас, без разлика во која единица или партија сте.



Вашата Aliss Wonder

п.с. Во меѓувреме Букефал се врати од Burj Khalifa и удри еден печат тука така... xD