Туторијал #2 [МЗО]

Day 2,301, 05:18 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie


Поздрав.

Пред да го започнеме овој туторијал сакам да ви напоменам дека играта можете да ја играте и на Македонски јазик. Се што треба да направите е пред да се логирате да одберете Македонски јазик од листата јазици. На сликата подолу можете да видите како тоа изгледа.



Благодарност до MacedonianFIghter PRC за забелешката.



Во овој втор туторијал ке дадеме објаснување за профилната страна на еРепублик.



1.Вашиот аватар

-Моменталната локација



1. Местото каде се наоѓате
2. Тековната локација и зоната
3. Локацијата каде сакате да се преселите, дистанцата (зоната) и патните трошоци

-Државјанството



За промена на државјанство прво треба да се преселите во земјата од која сакате да ви биде дадено државјанство. Барањето за државјанство трае 5 дена и доколку во тој рок не ви биде дадено државјанство во наредните 5 дена нема да можете да барате во истата земја.

-eРеп роденденот
-Државниот ранг
-Партијата
-Единицата
-Весникот



2.Вашиот ник

-Вашиот левел
-Дивизијата
-За мене делот каде може да напишете нешто за себе

2.1 Пријателите



2.1.1 Можност да им испратите подарок на вашите пријатели (за ова ќе треба да вложите реални пари што не е препорачливо)
2.1.2 Праќање порака
2.1.3 Бришење од листата за пријатели

2.2 Поканетите пријатели



Со секој поканет пријател добивате 10% од целиот голд што тој ке го заработи.

2.3 Уреди профил




2.3.1 Делот во кој можете да напишете нешто за себе, да промените аватар, да пополнете денот на вашиот рл роденден, да внесете е-маил, лозинка (која е важна особено кога правите измени на вашиот профил), исто така можете да го промените вашиот ник доколку сакате.



2.3.2 Доколку сакате тука можете да си подесите на каков начин сакате да бидете контактиран од еРепублик тимот.





3. Профилот на ваш пријател/непријател

3.1 Копче за праќање покана за пријателство

Кога ќе го испратите барањето за пријателство ќе добиете ваква порака



3.2 Праќање порака



3.3 Праќање предмети (леб, оружје)



Кога ќе испратите одреден број на предмети ќе добиете ваква порака



3.4 Праќање голд/пари



Кога ќе ги испратите парите ќе добиете ваква порака



Играчот на кого ги праќате парите има можност во рок од 3 дена да ја прифати донацијата. Ако ја одбие ќе добиете вакво известување



3.5 Праќање подарок

Тоа изгледа вака



Да се вратиме на сопствениот профил.





4. Декорациите

5. Воените карактеристики (Сила и поените за чин)



6. Вистински патриот – тука може да ја видите моменталната штета за државата каде имате државјанство и историјата на вистинскиот патриот државите во кои сте престојувале.

7. Најголема штета во кампања
- Историја на герилски битки
- Историја на оружје за масовно уништување – тука спаѓаат ракетите и бомбите кои може да се добијат кога има мисии

Тоа е што се однесува до вашиот профил. Подолу ке биде објаснето за медали кои ќе ги освојувате и ке добивате по 5 голд за секој освоен медал.



8. Медалите



На еРепублик моментално има 13 медали:

1.Борец за слобода – Потребно е да пукате во одреден број востанија (ослободителна војна) и да поразите одреден број непријатели
2. Вреден работник – потребно е да работите 30 дена
3. Конгресмен – потребно е да бидете дел од конгресот кој се избира еднаш во месецот на 25ти
4. Претседател – потребно е да победите на претседателските избори кои се одржуваат секој месец на 5ти
5. Весник – потребно е да соберете 1.000 претплатници на својот весник
6. Херој во битка – потребно е да направите најголема штета во битка
7. Херој во кампања – потребно е да направите најголема штета во кампања
8. Херој на ослободителна војна – потребно е да поддржите и да помогнете да се ослободи регион
9. Супер војник – потребно е да напредувате со 250 поени сила
10. Градител на општество – потребно е да поканите 10 луѓе во еРепублик преку вашиот реферал линк и да им помогнете да достигнат 10ти левел
11. Платенички медал – потребно е да поразите 25 непријатели за 50 различни земји
12. Топ борец – потребно е да имате највисока штета во денот на еРепублик за 30 различни дена
13. Вистински патрот – потребно е да нанесете штета за земјата во која сте државјанин

Тоа е тоа за оваа статија.



Во наредната ќе имате можност да прочитате поопширно за My place (Мои места) дел во кој можете да прочитате за тоа како да работите, тренирате, да продавате производи од складот, згради со здравје и слично.

Министер за Образование

akconel