Тест за бременост

Day 2,494, 19:53 Published in North Macedonia North Macedonia by ko3ar28

Гужва во аптека, една девојка буткајќи се доаѓа на ред:
– Имате ли тест за бременост?
– Да, еве овој е германски, со точност до 96% и чини 1000 денари.
– А нешто поефтино?
– Кинески, со точност до 75%, чини 500 денари.
– А нешто уште поевтино нема ли?
Од крајот на редот се слуша глас:
– Девојко, оди на ливадата, набери маргаритки – “да, не, да, не …” – со точност од 50%, но затоа пак е апсолутно бесплатен!