Планови за тековниот месец [МЗИ]

Day 2,245, 09:55 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Поздрав Македонци.

Како што и самиот наслов кажува во оваа статија ке бидете известени за плановите и патот по кој ке се движи Македонија во овој месец. За смислените планови да бидат успешно реализирани пред се ке треба ваша помош и поддршка.

Нема потреба да се трошат зборови за нашата територијална политика тоа е веќе неколку месеци наназад јасно и исто. Окупирани без можност да се мрдне.



Сегашната влада работи активно и напорно на реализирање на неколку главни планови во овој месец а тоа се:

1. Ослободување
2. Одржување на блиски односи со нашите пријатели кои несмее да ги изгубиме
3. Можност за воздушен напад
4. Намалување на даноците

Во продолжение по неколку зборови за горенаведените точки.



1. Ослободување

Околу оваа тема ке бидете дополнително и навремено известени за датумот и времето кога ке се обидеме да се ослободиме со помош и од нашите пријатели кои ни ветија помош па ке видиме како ке се одвиваат работите. Треба да бидеме свесни колку ке биде тешко впрочем знаеме од претходниот месец колку тешка борба се водеше за да се ослободиме.

Ке упатам апел до играчите:

Не кревајте безпотребни востанија кои се знае дека нема да поминат не ги провоцирајте играчите да трошат 1.000 МКД за супорт а подоцна кога ке треба да се пука ке кукаат дека немаат пари за тенкови.

Тие пари нека си ги чуваат за да бидат спремни неможе да чекате се на државата ја знаете ситуацијата дека се нема пари.



2. Одржување на блиски односи со нашите пријатели кои несмее да ги изгубиме

Во овој дел се мисли на нашите верни пријатели Чиле, Бугарија, Индо, Русија. Како што е тргнато и овој месец неможе да се очекува распад на TWO сеуште изиграваат среќен и сложен сојуз. Останува да чекаме и да ги држиме гореспоменатите држави блиску до нас.



3. Можност за воздушен напад

Знам дека оваа тема најмногу ке ве интересира. Но за ова неможеме да зборуваме и да се фокусираме потполно зошто поважно е да се ослободиме па ако успееме да пуштиме први НЕ над Грците тогаш ке има можнот за АС во спротивно нема да има шанси за АС. Сеуште се разгледуваат опции каде би бил евентуално пуштен воздушниот напад но како што напоменав прво ке треба да се ослободиме и да пуштиме први напад.



4. Намалување на даноците

И ова е тема која ке се реализира само доколку имаме конгрес. Има доста играчи кои негодуваа да се намалуваат даноците на 0% или ако неможе 0% на 1%. Што добиваме а што губиме?

1.1 Добиваме

Ке им ги скратиме парите на Грците што ги земаат од нас секојдневно а таа бројка е огромна и се движи од 12.000 МКД до 18.000 МКД дневно што е огромна бројка. Со намалување на даноците оваа сума драстично ке се намали.

Втора придобивка ке имаат играчи кои се надвор од МКД ке можат да продаваат производи во МКД ке бидат поштедени не ке мора да трошат 20 голд за да купуваат лиценца за продавање во зејмата во која што се.

Трето ке се намали и платата од моментални 10 МКД на минимум и ке биде доста поефтино да вработувате во вашите фирми.

1.2 Губиме

Единствено ке изгубиме тоа што ке имаме минимални примања во трезорот но тоа не би требало да биде проблем кога повеќе добиваме отколку што губиме.



За ова да се реализира ке ни требаат здрави играчи за во конгрес а не некои тролови за што би ги замолил претседателите на партиите да одберат внималтено кои играчи ке членуваат во конгресот за да нема проблеми и да бидат реализирани плановите.

Тоа е се сега за сега за некој нов план или измена на веќе постоечките ке бидете навремено информирани.

До тогаш останете ми со здравје.

akconel