Зошто не се сплотиме ?

Day 1,880, 11:28 Published in North Macedonia North Macedonia by MACEDON.P4

Македонци зошто не се сплотиме ???
Овде сите играме за Македонија!!!, не за лични интереси, ништо не можиме да добиеме ако само неколку луѓе во оваа игра во своите складови имаат по 10000 тенкови по 10000 храна, пари, злато и ги чуваат само за себе. Ништо не можеме да постигнеме, не можеме да освојуваме територии ако немаме меѓусебна соработка, не треба да се делиме, барем овде, никој ништо не добива и никој ништо не губи во оваа игра, ако некој му префрли оружје, храна, пари, злато тој и помага на Македонија, а не на играчот. Тој истиот играч кога тогаш мора да купи оружје, храна и да се бори за Македонија. Можеме да бидиме една светска сила овде во оваа игра, и да ги следиме стапките на Александар Македонски. Добредојдени се сите наши сојузници, но треба да гледаме за доброто на Македонија овде во оваа игра. Зошто да разменуваме територии зошто секогаш ние да бидиме поразени од нашите соседи, зошто секогаш да ни се потсмеваат како соседите така и другите држави за нашите "договори" со другите земји. Македонци ајде да се сплотиме, меѓусебно да си помагаме, и да тргниме во поход, по освојување на Азија за подобра и поголема Македонија, за повеќе ресурси, го можеме ние тоа и самите знаеме, но ние како и во историјата секогаш патиме од нашите, зошто овде да се предаваме ? за која цел ? што добиваме ? барем овде да покажиме дека сме сплотени... АЈДЕ МАКЕДОНЦИ....ГОДРИ МАКЕДОНЦИ....ПОТОМЦИ НА МАКЕДОН....Можеме ние, но само ако сме ссплотиме, АЈДЕ МАКЕДОНЦИ ЗА МАКЕДОНИЈА!!!!!!!!

Да живее Македонија !!!

Еве една стихотворба од еден тврдокорен Македонец

МАЈКО МАКЕДОНИЈО !!!

Ти горда но сиромашна
што ме задои, немаше млеко
твојата града како гламна обгорена
беше сосема сува.

Кога цицнав, голтнав
засирена крв
ме задои со горчина и љубов
ме научи крвно да мразам и силно да љубам

Не ти се згоди пелена ниту партал
ме пови во окрвавена илинденска кошула
само ти, мајко, знаеш
колку те сакам.

02.08.1949 година

извадок од кинигата на мојот дедо „Корава исповед“