Кандидатура за Претседател на е-Македонија [ORIGINAL MKD]

Day 2,686, 03:04 Published in North Macedonia North Macedonia by ORIGINAL MKD

Поздрав пријатели,

Со оваа моја статија официјално ја објавувам мојата кандидатура за Претседател на е-Македониа.

Би ги изнесол само главните причини поради што решив да се кандидирам за Претседател , а целата платформа и тимот кои што ќе стои зад мене ќе бидат дополнително објавени .

Искрено играва почнав да ја играм поради еден мој пријател кои што ми ја објасни и од тогаш па се до денес , еве веќе 4 години сум на играва . Бев сведок на многу големи подеми и падови на нашата ни земја која што знаела да биде и голема Империја но и избришена од мапата на подолго време .

Ја знаете нашата сегашна ситуација . Голем број на откажани борци , 2 - кликаши , преселници , платеници па и незаинтересирани личности . Не сум тука за да ви солам памет дека ќе ја вратам Македонија уште одма на 5/10 ресурси или па дека секоја битка ќе биде победничка за нас , или дека ќе пробам да ги соберам сите е-Македонци на едно место . Сите знаеме дека тоа не е можно во оваа ситуација .

Прва и основна работа за која ќе се залагам е собирање на средства за поставување на диктатор . Ќе биде поставен документ каде што ќе биде објаснето колку , како и каде треба да се донира. Со мала мака 200.000 ЦЦ можеме да собереме.

Сите знаеме дека услов за поставување на диктатор е да имаме слободен регион затоа тоа ќе биде моја цел за овој месец , константен притисок над нашите Јужни соседи.

Друга работа во врска со трезорот на МК и поставување на ЦО во нашите битки .. На некои од вас им имам кажано кој е планот , на некои не , но концептот е разработен и може да е фунционален .. нема да го објаснувам овде поради X причини , но верувајте дека ако успееме да го оствариме тоа ќе биде еден голем плус за нас како држава .. за тоа ќе биде креиран посебен тим кои ќе добие инстукции од мене за извршување на работата.

Не би сакал да должам повеќе , само би додал нешто.
if you don't believe you won't achieve

Се надевам дека ќе гласате за мене и дека ќе ми дадете можност да пробам да го реализирам тоа што го имам замислено .



Останете ми поздравени !!
ORIGINAL MKD