[MTO] Резултати од Kill Rush Турнирот + Регрутација!

Day 2,493, 15:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot


Помина една недела од последниот голем турнир кој го организираше Плато KILL RUSH турнирот и конечно можеме да ги сумираме резултатите за тоа како МТО помина на овој турнир и тоа во интернационалното натпреварување.

Мала ретроспектива на турнирот…

Како што веќе знаете благодарение на одличната организираност и огромната ангажираност, активност и следење на наредби од сите членови на МТО, првата чета успеа во неизвесен фотофиниш да влезе во топ 25 чети во светот со што и доби вредна награда од Плато.

Уште еднаш сакам јавно да им честитам на сите што активно пукаа за првата чета на МТО и да им се заблагодарам на сите оние што само за турнирот дојдоа во МТО и дадоа свој придонес за овој голем успех.



Турнирот почна катастрофално и обесхрабрувачки за цел еСвет, па Плато на сред реши да ги менува правилата на истиот. МТО како колектив демонстрираше голема флексибилност и со огромна активност и пожртвуваност за само еден ден активен турнир (колку што и реално остана од турнирот по менување на правилата од Плато) успеавме да останеме со првата чета на МТО во топ 25 во светот и на крај да освоиме злато како награда.
Цели 24 часа под водство на Gospodinotbitola, MeCheemkd, LazarosaMKD, ivica08 и помошта на другите Капетани и заменици Командири на МТО, координирани беа сите актвини играчи на МТО од останатите чети да бидат ротирани и да прават убиства кои ќе се бројат за првата чета на МТО. Овие ротации на играчи во првата чета од останатите чети на МТО траеа цела ноќ и најинтензивно утрото пред завршување на турнирот.
Браво за момците кои останаа буди цела вечер и сите оние кои следеа наредби и беа дел од оваа акција!

Исход од освоеното 25 место на прва чета на МТО



како награда Плато ни додели вкупен фонд од 7950 злато кој беше поделен согласно правилата на Плато на 50те припадници на победничката чета или секој припадник на прва чета на МТО доби по 159 злато.
Со оглед на тоа дека овој успех на првата чета на МТО беше постигнат со трудот и ангажираноста на речиси цело МТО а не само на првата чета и имајќи го во предвид основното начело на МТО дека секогаш сакаме праведно сите да бидат наградени согласно придонесот и заслугата, внатрешно во МТО се договоривме да извршиме редистрибуција на освоената награда од 7950 злато. Целта ни беше да опфатиме што е можно повеќе луѓе од МТО да добијат дел од освоената награда и тоа согласно дадениот придонес за да се дојде до неа. Па така наместо почетните 50 припадници на првата чета на МТО, на крај дел од наградата добија дополнителни 47 МТО борци или вкупно 97 луѓе од МТО добија дел од вкупната награда од 7950 злато.
*Повеќе информации за редистрибуцијата тука.

Малце статискитка
Направивме исцрпна анализа и согласно официјалните статистики на Плато од турнирот се дојде до заклучок дека топ 50-те членови на МТО според бројот на убиства кои беа дел од првата чета на МТО направија вкупно 85% од бројот на убиствата со кои прва чета на МТО влезе во топ 25 во светот! Останатите 15% од убиствата дојдоа од останатите играчи на МТО од другите чети а кои цела вечер пред завршување на турнирот се ротираа во првата чета и правеа убиствата кои се броеа за прва чета на МТО.
Со оглед на оваа статискитка одлучивме да се издвои 15% од освоеното злато кое го добија членовите на првата чета и истото да се сподели со припадниците од останатите чети кои дадоа придонес и активно се ротираа и пукаа за првата чета на МТО и тоа секому според бројот на убиствата направени во првата чета.
*дополнително сакам да го издвојам Scytherr (поранешен-стар МТО борец а сега член на МА) кој последниот ден од турнирот дојде во МТО и со значителен број на убиства даде придонес за првата чета да остане во топ 25, меѓутоа премногу скрпмно од негова страна не остана до крај во МТО кога Плато го делеше златото за да го прими својот дел од наградата. Сепак, како благодарам од МТО за помошта скромно ќе го наградиме со 500 Q7 тенкови.

План за редистрибуција на наградите во МТО
Се договоривме сите 50припадници на првата чета кои добија по 159 злато на турнирот да издвојат донација од минимум 15% со која ќе се оформи Прв Фонд за наградување на играчите надвор од првата чета на МТО согласно дадениот придонес на турнирот а доколку некој сака да издвои како доанција повеќе од минималните 15% тоа екстра златото кое би се собрало ќе се употреби за вториот Фонд за надградба на теретаните на активни играчи на МТО кои немаат целосни теретани а се она што ќе остане неискористено од вториот фонд да оди во Фондот за ЦО на МТО.

Низ бројќи и на кратно ова погоре изгледа вака:
Од вкупно освоеното 7950 злато првата чета на МТО донираше и издвои вкупно 2516 злато од кои половина или 1258 злато (нешто повеќе од 15% од вкупно освоеното злато на турнирот) се употребија за Првиот фонд и беа редистрибуирани на борците од останатите чети на МТО кои ги направија 15% од убиствата на првата чета а останатата половина од собраното злато или 1258 злато се собра како МКД и ќе се употреби за надградба на теретаните на најмалку 10 активни членови на МТО кои имаат потреба од помош со што ќе можат да почнат да тренираат со договори и да качуваат сила побрзо.

Распределбата на Фондот за надградба на теретаните кој го сочинуваат 223.823 мкд или приближно 1258 злато ќе ја објавиме во наредите денови јавно и транспарентно.

Повеќе детали, бројки, статистика за донациите и начинот на респределба можете да погледате на линков.


Регрутација

По сумирањето на резултатите од овој турнир и по средувањето на четите на МТО по дивизии дојдовме до заклучок дека на МТО му се потребни искусни, активни и дисциплинирани Д4 борци па решивме после неколку години да објавиме регрутација во МТО.
Ги повикуваме сите активни Д4 и Д3 играчи кои моментално се наоѓаат во некоја од послабите единици во Македонија (надвор од топ 3те воени единици во Македонија) или пак се дел од странски воени идници да ни се приклучат во МТО и заедно со нас и со организацијата и дисциплината во единицата која ја имаме да бидат дел од нови и уште поголеми успеси а со што ќе избегнат да не останат на идните турнири кои ги организира Плато надвор од наградниот фонд.
Основни предуслови за да се јавите на регрутацијата се да бидете активни, да следите наредби, да ги прифатите и да соработувате со останатите членови на МТО како колектив и да бидете спремни дисциплинирано да помагате на следните турнири за нови успеси на меѓународен план.
За да се приклучите на МТО оставете коментар на статијава или пратете ми приватна порака мене или на некој од замениците команданти на МТО.

Повеќе детали за функционирањето на МТО и идните планови ќе добиете во наредите денови.

МТО принципи: Солидарност, Праведност и Заслуга
Основно начело на МТО поврзано со тунририте и наградите е дека секој ќе биде праведно награден согласно ангажираноста и придонесот кој ќе го даде во МТО за освојување на евентуалната наградата од турнирот.

Преку добра организација и соработка до поголеми успеси!

До некој следен тунрир ве поздравувам,
Аминта