МКД надвор од Аурора [akconel]

Day 2,560, 08:24 Published in North Macedonia North Macedonia by iPocahontas

Поздрав народе.

На самиот почеток сакам да напоменам дека:

ОВА Е МОЕ ЛИЧНО МИСЛЕЊЕ И НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО СЕГАШНАТА ВЛАДЕАЧКА ГАРНИТУРА.



Значи вака.

Аурора е сојуз во кој владее...

Чекај малце грешка.

Аурора БЕШЕ сојуз во кој владееШЕ: рамноправност, чесност, посветеност, организираност, желба и уште еден куп работи. Но за жал секогаш постои едно зборче АМА.

Нашиот ценет сојуз Аурора почна во последните 3-4 месеци да покажува рогови. Како? Епа така.

Аурора продолжи да постои како сојуз ама без горенаведените карактеристики или попластично: живееше на шкрги.


Да се навратиме малце пред не така долго време.

Кога се создадоа Аурора и Сириус многумина велеа дека:
1. Сириус без Аурора неможе
2. Аурора без Сириус неможе

Точно е само делот 2. Првиот е потполно неточен. Како? Епа така.

Додека земјите членки на Аурора (меѓу кои и основачите Бугарија)се борат за конгрес до последен тенк, нашите пријателчиња се бореа за интерсите на Сириус или да ве потсетам ако сте заборавиле (зошто кога е во прашање Аурора некако сите заборавате, а тоа не е убаво):

- Полска против Србија, абе страшен приротет на сојуз беше таа битка.
- Авантурите на Хрватска во Азија, исто така премногу битен фактор.
- Најбитен фактор битките на Турција со Иран и пробивањето до Кина, пффф нема потреба да ви расправам за важноста на оваа операција.

Очигледно дека Сириус кога и да има проблеми Аурора е тука, а кога е обратна работата нема потреба од такво нешто пошто нели сме различни сојузи.


Камо да беше само тоа... Аурора без да ја боли уво за во конкретниот случај МКД, БГ, ИНДО си го тераше својот пат да си организира акции против Кина, уште еден премногу битен фактор. Ова едноставно значење абе кој ве врти вас чекајте досадно ми е мене.

Од 9 членки на сојузот Аурора само 3-4 земји имаат конгрес. Државите кои имаат конгрес, ете ајде да речеме се со добра месотположба, немаат непријатели на граници и слично. Останатите се проколнати да си имаат проблеми.

Колку убаво опрадување нели? Да се расплаче човек, јас лично се трогнав.


Сакате да се свртиме малце директно на нас, да не го тупам зборувајќи општо? Ајде.

Јас не се сеќавам кога последен пат сме имале нормални даноци.
Јас не се сеќавам кога последен пат сме имале 1 месец слободни региони.

Од кога влеговме во Аурора ние сме последно дупче на свирчето. ПОСЛЕ 1 ГОДИНА се решија Аурора да ни помогнат. Да не се лажеме не дека бевме толку битни за сојузот туку веќе им се смачи од нашето плачење.

НО што се случи тогаш? Мексико, Ирска, Бугарија, Индонезија изиграваа жртвени јагниња. Последиците ги знаете сите. Бугарија и Индо до ден денес неможе да кренат глава.

Каде беше нашиот шеф во тој период? ,,Немаше леб за АС’’
Немојте да бидете наивни, знаеме дека кога им требаше да си играат со Кина за 10тина саати собраа леб. Работата беше што несакаа да ги нападнат на Грците директно. Не е ова точно?

Ок ајде да ми објасните тогаш зошто 3 недели чекаа да пуштат НЕ на Грција кога имаа граница во Италија? Пуштија со сила НЕ демек еве ние вака така тепаа 2-3 региони и се повлекоа. Случајно? Да да така е ако се лажеме.

После абе кутрите се убија значи се одраа од лижење газот на Хрватите. Што ти прави пара. Во голема дилема сум дали повеќе им го лижат газот на Хрватите или на Грците. Хм...


Што е, случајно и со Хрватите дан не е точна работава? Ајде да се потсетиме:

Хрватите не издупчиња, истролаа, понижија, посрамотија (како сакате наречете) пред цел е-свет и пред носот на нашиот СУПЕР СОЈУЗ такознавни Аурора. Што направи Аурора? Ништо. Зошто не направија ништо?

Очигледно е дека Македончето може да биде тупано од секој, секаде и секогаш додека други земји тоа не го толерираат на пример Бугарија и секоја чест за нив го направија правилното.


ЗАКЛУЧОК: Аурора е најголемото зло што и се случи на МКД и е директен фактор кој доведе до упропастување на нашата заедница. Да играш ти игра во која твојата земја е газена со месеци и да чекаш 1 ден во месецот некој да ,,помогне’’ ќе ти дојде преку нос и игра и се.


Многу луѓе прашуваат што понатака, каде ќе се давиме без Аурора?

Не знам од каде ви е таквото мислење дека кога една земја ќе напушти сојуз по афтоматизам мора да се приклучи во некој друг сојуз? Нема потреба. Доволно е да се даде простор да бидеме неутрални одредено време потполно исто како Бугарите што ќе направат, се додека не се создадат нови сојузи и подобар баланс на играва.

И за крај ќе ве замолам немојте да ми пишувате во коментари дека Бугарија ќе се врати во сојуз зошто сегашниот ЦП им бил лудак. Таа работа по дома да си лажете зошто имаше премногу шаути од Бугарски играчи дека продолжуваат понатаму без разлика на се.


Чиле намерно почна да не не рецка зошто си ги тераат своите интереси а сите ги знаеме кои се тоа: приближување со Хрватското КО и задржување на Грчките терористи.

Време е Аурора да престане да постои и време е да ги отвориме очите и да го видиме тоа што е пред нашиот нос. Време е и ние малце да покажеме заби и да докажеме дека неможе да си играат со нас како сакаат.

Пред да прочитате не коментирајте.

Поздрав.

akconel