Второ Претседателско обраќање [Гамбле-24]

Day 2,812, 06:08 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН МОИ МАКЕДОНЦИ!
Нека ни е за многу години празникот!

Денес, убав ден, недела, празник 🙂 Ден за одмор !
Заслуживме сите еден слободен ден. Имате уште 12 часа да се соземете до следната тура на востанија. Се гордеам со вас! И му благодарам на Сантино што Ве обедини сите. Активност, следење наредби, организираност, што повеќе може да посака еден ЦП 🙂

Сега како што е ред да дадам еден краток отчет за деновиве:

1. Организациите
Ресетирани се сите емаилови, сите организации имаат нов емаил и лозинка. За да нема кавги околу тоа кој ги користи, ги дадов организациите на сите поголеми единици во еМакедонија:
- МЗО Лавови 3 на ПРЦ
- ТАТ - АРМ на МТО
- МЗО Тигри - 1 на Тигри
- МЗО Тигри - 2 на Хеавенс Легион
- Министерство за здравство на Ренџерс
- Државни Воени Резерви на УМФ
- Министерство за Образование на Демонс

Доколку има некоја единица што не зела, а сака да земе има уште една слободна организација. За плаќање рента решив дека нема логика да барам за една недела (толку време сум ЦП мандатов), така да до 5ти ги користат бесплатно, а за потоа новиот претседател ќе одлучи колкава рента ќе се наплаќа во трезор.
Доколку било која од единициве префрла сомнителни пари и не дај Боже, банираат некоја од организациите ќе бараме да платат казна и добиваат црвен картон за било каква понатамошна помош од еДржавата.

2. Парите
Имавме донација од 150 000 денари во Бугарската Национална Банка.


Моментално се останати 40 000 денари. 110 000 се потрошени само за КО и 1400 дадов за дигање востание. Вчера и завчера можевте да забележите дека поголем дел од времето во последните 2 војни на Бугарија, прва, втора и трета дивизија имаа КО секаде каде што ќе паднеше ѕидот. Благодарам на сите кои несебично пукавте без да земате КО.

Ова е од кога Лаки ме потсети дека треба да водам евиденција и отчет. Чиста сметка, долга љубов.


Можеби ви изгледа дека се потрошени многу пари, меѓутоа имајте во предвид дека Бугарија потроши многу повеќе и да не забораваме дека се бориме со еЗемја која 2 години ги цицаше нашите ресурси.

3. Војната
Продолжуваме се додека не се договориме, се бориме со сите сили како и досега. НЕНОДС направи групна порака со играчи од втора дивизија, Апокалиптик ги организира д4 во групни пораки, д3 ги организираат Хеавенс Легион. Следете наредби, читајте шаути, следете ги топ 5 статиите, бидете максимално корисни за еЗаедницата. Ова е клучен период за нас и мораме да ги притиснеме се додека не потклекнат. Секоја штета (мала или голема) упатена во вистинската битка е важна, секој поен е битен !

Следно востание кај нас можат да кренат во 3ипол после полноќ. Следно во Бугарија можат да кренат утре на пладне (во 12 часот). Тоа значи дека доколку кренат востание кај нас веднаш, ќе имаат само едно цели 9 часа. Во превод: Д1 Д2 Д3 бидете фул, спремни и на готовс ноќва. Д4 може да проба да земе рунда во 5 сабајле само и само ако нема епска на повидок, се разбира доколку самите си го кренат востанието.
Денеска помагаме на сојузниците!

4. Дипломатија
Имаме уште едно ново МПП со Венецуела.
Го обновивме LiGAP.



МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Толку сега за сега о/
Гамбле_24