Кратки вицови....

Day 3,328, 14:18 Published in North Macedonia Israel by 5170 Wulf

Кога жена ми замина…

Кога жена ми замина, бев многу тажен и очаен… Си зедов куче… за друштво, а потоа и мотор… Ја легнав комшивката која одамна ја меркав… Животот почна да ми се средува. Ме јадеше само една мисла. Што ќе им кажам на жена ми, кога ќе се врати од работа…

Докторе, не ми е добро...

- Докторе, имам ишијас, дископатија, ревматизам, воспаление на простата, синузитис, дијабетес, ангина, вода во коленото…
– Ееее, има ли нешто што немаш?
– Да, докторе. Немам заби…

Среда не е ден за одмор...

Жена отишла на доктор и се пожалила дека постојано се чувствува уморна.
– Колку често имате се*с? – Прашал докторот.
– Секој понеделник, среда и петок! – Одговорила жената.
– Па, можеби треба да одморате во среда.
– Не можам – тоа е единствената вечер во која маж ми е дома.

Бабата и рутерот...

Дечко телефонира дома…
Се јавува баба му:
– Бабо, ај види работи ли рутерот?
– Е од каде да знам јас чедо дали работи…
– Која сијаличка свети?
– Во бањата. Да ја изгаснам ли?

После повеќе години во брак, крвта почнува да тече во обратна насока...

- Докторе, не ми е добро, крвта ми тече во обратна насока!
– Како така бе?
– Па порано жената кога ќе ме погалеше по косата, ми се креваше онаа работа, а сега кога ќе ме фати за онаа работа, ми се крева косата…