Кандидатура за Претседател [Фантомот]

Day 2,625, 17:06 Published in North Macedonia North Macedonia by Phantom MKD


Добро вечер еМакедонијо.

Пред да ја започнам мојата програма, сакам да се заблагодарам за сите можности кои еМакедонија ми ги овозможи и за сетo време кое го имавте одвоено во моментите кога бев председател на еМакедонија.

Но сега доаѓа едно ново поглавје каде што повторно ќе треба да се обединиме и да бидеме силни во времето кое што следува. еМакедонија има сила, и е една од најдобрите земји во играва и не гледам причина зошто тоа уште повеќе да не се промовира.

Нашето обединување веќе започна од страна на единицата -ПРЦ- која има за задача еМакедонија да ја претстави во светот како една организирана земја која што сака и може да помогне во моментите кога треба.

Командатите на единицата секако се сложија сите Д4 играчи со Титан ранк да се обратат кај нив за членство во нејзе. Све што треба да направите е да бидете активни, да носите аватар од единицата и секако доаѓање на удар и следење на приоритетите кои ги има еМакедонија.

Како и да е мојата четврта кандидатура почнува со подршка од 5 партии и тоа:
ТМОРО-ВЕП, Obedineta eMakedonija, Macedonian Order-United Party, Macedonian National Movement и партиата Hegemony.

Ви благодарам на дадената подршка, и се надевам дека заедно ќе донесиме успех на сите полиња, како воени така и политички.

Е сега како приоритет на мојот мандат и што ќе се работи е следново:

1. Приоритет ќе се Оригиналните региони.

Сметам дека доволно време им се даде на грците да одмараат па време е малце да ги раздрмаме. Македонија мора да врши притосок секогаш на оригинални региони.
Секој ден ќе има организирано РВ кое ќе биде пред време соопштено и веќе кажано на сите команданти на единиците во еМакедонија кои потоа тие ќе треба да ве информираат вас кога каде и во колку ќе се пука.

Исто така секојдневно ќе има удар и тоа во 21:00 часот каде ќе се пука заеднички во некоја битка. Дали во македонска дали во некоја сојузничка не е битно.

Битно е дружењето и масовноста која што мора да ни стане навика.

За неактивните луѓе кои ако сакаат играва да им биде интересна им предлагам да следат наредби и да ги следат настаните во светот. На тој начин ќе им биде интересна играта.

Исто така во 9 часот сабајле секој ден ќе има наредби кои што јас ќе ги упдејтирвам во зависност од приоритетите кои ќе настанат во текот на денот.
За тие што не сте во тек со настаните секогаш отворете во весниците во Македонија и ќе најдите приоритети каде треба да се пука.

Пукајте координирано и секогаш следете го ѕидот.

2. Конгрес

Во врска со ова сметам дека Македонија ги врати скоро сите играчи кои што мислеа да се вратат во Татковината. Таксите се исто така намалени на минимално ниво што значи дека конгресот не игра некое завидно ниво колку што мора да се бориме за оригиналните региони.

3.Регионите во Канада

Со регионите во Канада мислам дека можеме да издејствуваме некој НАП со Канада со што ќе ни се овозможи да пукаме во Оригинални региони.
Лошо е што ги нападнавме тогаш од териториите на Англија веднаш откако помина напот и заради тоа мојме да имаме таму дополнителен проблем ако не сакаат Нап да потпишат. Како и да е јас ќе пробам да ги убедам и да издејствувам такво нешто.
Да не заборавиме дека Ирска и Канада имаат добри односи но и ние во месец фебруари 2014 имавме МПП со Канада, што значи таму имаме пријатели и не треба да го правиме спротивното.

4.Авионски напад

Сметам дека ова не и е потребо на еМакедонија и е губење на време и средства затоа што со ова бегаме од оригиналните региони. Порано овој АС ни требаше за да ги намалиме таксите и да ги вратиме играчите. А сега не игра некоја голема улога со оглед на тоа што немаме доход на средства.

Тимот е веќе во составуње и засега има неколку лица кои сакаат да покажат дека можат и сакаат да работат:

Tим

1.ГУВЕРНЕР

BucephalusIII



2. МИНИСТЕР ЗА ИНФОРМАЦИИ

akconel



3. ПРЕМИЕР

Mr.Santinoo



4. Министерство за надворешни работи и Министерство за одбрана

Министерството за надворешни работи ќе го водам јас, а додека за министертвото за одбрана ми треба многу активен човек кој сака да помага и секој ден ќе биде активен во терминот од 9 сабајле и вечерта после 8 час.
Доколку нема таков човек јас ќе ги работам и двете министерства.

Останатите министерства сеуште не се дефинирани па веројатно овие денови ќе се дополнат.


Тоа е све засега!

Им посакувам среќа и успех на моите противкандидати.


Фантомот



о/




За шаут

Кандитатура за Претседател [Фантомот]
http://tinyurl.com/qd2lsxc